десно|мини|Млечка како мало дрво: Euphorbia dendroides Млечка () ― голем и разновиден род на скриеносеменици од семејството млечки (Euphorbiaceae). Некои млечки се комерцијално широко достапни, како што се божиќните ѕвезди. Некои најчесто се одгледуваат како украсни растенија, или се собираат и се високо ценети поради естетскиот изглед на нивните уникатни цветни структури, како што е растението Euphorbia milii. Млечките од пустините на Јужна Африка и Мадагаскар еволуирале физички особености и облици слични на кактусите од Северна и Јужна Америка, така што тие (заедно со разни други видови растенија) честопати погрешно се нарекувани кактуси. Некои се користени како украсни растенија во уредувањето на површината, поради убавите или впечатливи блици и отпороност на суша и топлина.
Еуфорбиите може да бидат во облик на мали годишни растенија до големи и долговечни дрвја. Родот има над или околу 2.000 членови, што го прави еден од најголемите родови на цветни растенија. Исто така, има еден од најголемите опсези на бројот на хромозоми, заедно со Rumex и Senecio. Euphorbia antiquorum е типски вид во родот млечки. За прв пат биле опишани од Карл Линеј во 1753 година во Species Plantarum.
Растенијата имаат заеднички особености, како отровен, млечен, бел сок кој личи на латекс и необични и уникатни цветни структури. Родот може да се опише според својствата на генските секвенци на неговите членови или според обликот и обликот (морфологија) на неговите соцветија или цветови. Кога се гледа како целина, соцветието изгледа како еден цвет (псеуданциум). Има уникатен вид псеуданциум, наречен цијатиум, каде што секое цвеќе во соцветието е смалено на најголиот суштински дел потребен за полово размножување. Поединечните цвеќиња се или машки или женски, при што машките цвеќиња се сведени само на прашник, а женките на толчник. Овие цвеќиња немаат чашкини ливчиња или други делови што се типични за цвеќиња во други видови растенија. Структурите што го поддржуваат соцветието и другите структури под нив еволуирале за да ги привлечат опрашувачите со нектар или со облици и бои што е особено и кај други цвеќиња. Тоа е единствениот род на растенија што ги има сите три вида фотосинтеза, CAM, C3 и C4.
Опис Растенијата се едногодишни, двегодишни или повеќегодишни тревести, дрвенести грмушки или дрвја со отровен млечен латекс. Корените се фини или дебели и месести или тубуларни. Многу видови се повеќе или помалку месести, трнливи или голи. Главното стебло, а најчесто и страничните на месестите видови се дебели и 15-19 см високи. Листопадните листовите може да бидат наспрамни, наизменични или спирално поставени. Кај месестите видови, листовите се претежно мали и краткотрајни. Стипулите се претежно мали, делумно трансформирани во боцки или жлезди, или недостасуваат.
Избрани видови Видете Список на видови млечка за целосен список.
Euphorbia albomarginata Euphorbia aeruginosa мини|180п|Euphorbia aeruginosa Euphorbia amygdaloides Euphorbia antisyphilitica Euphorbia balsamifera – (Канарски Острови) Euphorbia bulbispina Euphorbia caducifolia Euphorbia canariensis – (Канарски Острови) Euphorbia caput-medusae – медузова глава (Јужна Африка) Euphorbia ceratocarpa – (Сицилија и Јужна Италија) Euphorbia characias – Euphorbia coerulescens - сина млечкаEuphorbia coerulescens Euphorbia cotinifolia – бакарно дрво Euphorbia cyathophora – „оган на планина“ Euphorbia cyparissias Euphorbia decidua Euphorbia dendroides Euphorbia epithymoides Euphorbia esula Euphorbia fimbriata мини|Euphorbia fimbriata Euphorbia franckiana Euphorbia fulgens Euphorbia grantii – африканска млечна грмушка Euphorbia gregersenii Euphorbia griffithii Euphorbia helioscopia Euphorbia heterophylla Euphorbia hirta Euphorbia hispida Euphorbia horrida – африканско млечно буре Euphorbia ingens – канделаброво дрво Euphorbia labatii Euphorbia lactea Euphorbia lathyris Euphorbia leuconeura – мадагаскарски накит Euphorbia maculata Euphorbia marginata – „снег на планина“ Euphorbia mammillaris Euphorbia maritae Euphorbia milii – христов трн, „круна на трњата“, христово растение десно|мини|180п|Euphorbia milii Euphorbia misera – Долна Калифорнија, јужна Калифорнија Euphorbia myrsinites Euphorbia nivulia Euphorbia obesa десно|мини|180п|Euphorbia obesa Euphorbia paralias Euphorbia pekinensis Euphorbia peplis Euphorbia peplus Euphorbia polychroma Euphorbia psammogeton Euphorbia pulcherrima Euphorbia purpurea Euphorbia resinifera Euphorbia rigida Euphorbia serrata Euphorbia tirucalli мини|180п|Euphorbia tirucalli Euphorbia tithymaloides Euphorbia trigona – африканско млечно дрво, катедралски кактус, абисиниска млечка мини|180п|Euphorbia trigona Euphorbia tuberosa Euphorbia virosa
Подродови Esula
Chamaesyce
Rhizanthium
Euphorbia
Галерија
Поврзано
Euphorbia подвид Poinsettia
Наводи
Надворешни врски
Меѓународно здружение за млечки ИПНИ
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Лековити растенија Категорија:Статии со извори на италијански (it) Категорија:Статии со извори на германски (de) Категорија:CS1: долга вредност за volume Категорија:Статии со таксокутија за разновидност Категорија:Отровни растенија