Мартин Велковски (роден на 10 март 1997 г.) — македонски ракометар кој игра за Алкалоид и за македонската репрезентација.EHF profile
Клупска кариера Велковски започнал да тренира кошарка во Карпош Соколи, но за кусо време се префрлил во ракометот, во школата на Металург Скопје.ИНТЕРВЈУ МАРТИН ВЕЛКОВСКИ: За брат ми и Македонија ќе навивам со полно срце! 24rakomet.mk; 12 јуни 2021
Тој ги поминал сите возрасни категории во Металург и за првиот тим дебитирал во 2015 година. По пет години во дресот на Металург, каде што бил и капитен на екипата, тој пред почетокот на сезоната 2019–20 го напуштил клубот и потпишал четиригодишен договор со Еурофарм Работник.https://www.mkd.mk/sport/rakomet/martin-velkovski-potpisha-za-eurofarm-rabotnik mkd.mk; 17 јуни 2019
Репрезентативна кариера Велковски бил член на пионерската, кадетската и јуниорската ререзентација на Македонија, и бил дел од тимот на јуниорската репрезентација на Македонија која го освоила 6. место на Светското јуниорско првенство 2017 во Алжир.
Своето деби за македонската сениорска репрезентација, Велковски го имал во 2017 година во квалификациите за Европското првенство 2018, а потоа се нашол на конечниот список на играчи кои биле именувани за Европското првенство 2018 во Хрватска од селекторот Раул Гонсалес.
Личен живот Неговиот постар брат, Дарко Велковски, е фудбалер и македонски репрезентативец.
Наводи
Надворешни врски Мартин Велковски на Европската ракометна федерација
Категорија:Родени во 1997 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Ракометари од Скопје