Хибридна детелина (научно: Trifolium hybridum) — повеќегодишен тревест вид на детелина од фамилијата бобови опишана од Карл Линеј. Растението е домородна на контителната Европа, а подоцна станала доведено растение на Британските Острови C. A. Stace, Interactive Flora of the British Isles, a Digital Encyclopaedia: Trifolium hybridum. и низ умерените региони во светот.A R Clapham, T G Tutin, E F Warburg, Flora of the British Isles, Cambridge, 1962, p 341 Се одгледува како фуражна култура (сено или силажа).

Таксономија лево|мини|Хибридна детелина И покрај неговото научно име, исто така детелината не е од хибридно потекло. Растението го добива своето заедничко име од градот Алсике во Шведска од каде Линеј прв го опишал. Мислел дека тоа е вкрстување помеѓу белата детелина (T. repens) и црвената детелина (T. pratense), но во ова тој погрешил и таа е посебен вид.Publications & Information: Alsike Clover .Clark, G. H. (1913).

Опис Растението е повеќегодишно тревесто растение, високо 20–40 см. Стеблото е исправено или приподигнато, разгрането, во внатрешноста исполнето со ткиво или шупливо за време на цветањето, голо или покриено со ретки прилегнати влакна. Листовите се голи. Базалните листови имаат многу долги дршки, три до четири пати подолги од листната плочка, средните листови имаат покуси дршки, а кај горните листови дршките се речиси еднакво долги со листната плочка. Листовите се обратнојајцевидни до обратно-срцевидни, долги 10–20 мм и широки 10–15 мм, со тап врв што завршува со кратко шилесто продолжение. Основата е клиновидна, а работ ситно назабен. Прилисниците се јајцевидно до јајцевидно-копјести, со испакнати жили; долната половина е ципеста и белузлава, а горната завршува со долг шилест зелен врв.

Соцветијата се топчести, со пречник од 15–30 мм, странични, сместени во пазувите на листовите и носени на многу долги дршки, кои се два до три и пол пати подолги од соодветниот пазувен лист. Цвета од пролет до есен (од април до октомври на северната полутопка),Lee Peterson, Roger Tory Peterson, Lee Allen Peterson, A Field Guide to Edible Wild Plants of Eastern and Central North America, Boston, Houghton Mifflin, 1978, c1977. 330 p. а цветовите се многубројни, а цветните дршки се покуси од трубестиот дел на чашката и по прецветувањето се издолжуваат и ги надминуваат прицветниците. Прицветниците се јајцевидно-копјести до копјести, со долг заострен врв и покриени со ретки влакна.

Чашката е долга околу 5 мм и речиси белузлава. Нејзиниот трубест дел е долг 1–1,5 мм. Запците се шиловидни, долги 1,5–2 мм, при што двата горни се подолги или еднакви по должина со останатите. Венчето е долго 6–10 мм, црвено, розово, кремаво или белузлаво, а по прецветувањето станува кафеаво. Барјачето има испакнати надолжни ребра. Крилцата се околу 2,5 мм покуси од барјачето, а лаѓичката е околу 0,5 мм покуса од крилцата. Плодот е мешунка која обично содржи две до четири семиња.

Ова растение може да ја надразни кожата ако се допира.

Варијабилност

Trifolium hybridum subsp. hybridum (синоним: T. fistulosum) — стеблото е од 15 до 40 см високо, обично разгрането. Ливчињата се 12 до 15 мм долги, по работ ситно напилени и со многу ситни запчиња, а страничните жили на ливчињата се многу тенки. Trifolium hybridum subsp. anatolicum — збиено грмушесто растение во висина од 5 до 10 см, со подлегнати или придигнати гранчиња. Ливчињата се мали (4 до 5 мм долги), по работ со запчиња кои завршуваат со долги боцки, а страничните жили на ливчињата се дебели и јасно испакнати од двете страни.

Распространетост и живеалиште во светот Хибридната детелина е распространета во поголемиот дел од јужна Европа и југозападна Азија, особено во планинските региони. Широко се одгледува и се користи како фуражна култура и за таа цел подвидот Trifolium hybridum subsp. hybridum станал одомаќинет понатаму на север во Европа и во другите делови на светот. Нејзиното природно живеалиште се полињата, ливадите, патиштата, бреговите и отпадното земјиште. Кога се додава мешавина на семето, ретко опстојува откако ќе се затвори засадот.

Распространетост во Македонија Хибридната детелина расте по блатни места, влажни ливади, покрај потоци главно во планинските подрачја, а поретко во низите. Нејзините подвидови се среќаваат на различни места:

Trifolium hybridum subsp. hybridum — се среќава на планините Јакупица, Шар Планина, Кораб - Кобилино Поле, Бистра, Јабланица - Крстец, Пелистер - Големо Езеро, Ниџе, Кожуф - Висока Чука, Осогово. Потоа во клисурата на Кадина Река, клисурата на реката Радика помеѓу Торбешки Мост и Состав, Горно Луково Поле, Мавровско Поле, селото Маврово и селото Врбен, на патот за Сопотница во Крушево, околината на Гостивар, селото Нов Иственик во Пехчево и кон Буковиќ. Trifolium hybridum subsp. anatolicum — се среќава на планините Ниџе - Кајмакчалан, Дудица - Шаренка и Кожуф - Две Уши.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Детелина Категорија:Врски за Wayback од предлошката „Семарх“ Категорија:Флора Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј