Фотографија (светлопис) ― уметност, наука и практика на создавање на долготрајни слики со снимање на светлина или други електромагнетни зрачења, или хемиски, со помош на материјали чувствителни на светлината, како што е фотографски филм, или по електронски пат со помош на сензорот за слика. Типично, леќата се користи за да ја фокусира одбиената или испуштената светлина, од предмети во вистинска слика, на површина чувствителна на светлина во внатрешноста на фотоапаратот, за време на експонажата. Резултатот во електронскиот сензор за слика е електрично полнење на секој пиксел, кој електронски се обработува и се чува во една податотека за дигитална слика, за следниот приказ или обработка.
Фотографската емулзија резултира со неразвиена слика која не е видлива, и која подоцна е хемиски развиена во видлива слика, или во негатив или во позитив, во зависност од намената на фотографскиот материјал и начинот на обработка. Традиционално, негативната слика на филмот, се користи за да се создаде позитивна слика по фотографски пат, на хартија наменета за правење фотографии и ова е познато како,развивање на фотографија.Исто така, равивањето на фотографијата може да се постигне со користење на апарат за зголемување или преку филм за фотоапарат. Фотографијата има многу намени во бизнисот, науката, производството (на пр. фотолитографска), уметност, за рекреативни цели, и за масовната комуникација.
Потекло на поимот Во 1834 година, во Кампинас, Бразил, француски сликар и пронаоѓач, Херкулес Флоренс, , во својот дневник го напишал зборот “photgraphie” (фотографија) за да ја опише неговиот постапка. Колку што може да се утврди, тоа било Господин Џон Хершел на предавање пред Кралското друштво во Лондон, на 14 март 1839 година, кој го направил зборот „фотографијаˮ да биде познат ширум светот. Но, во една статија објавена на 25 февруари истата година, во еден гемрнаски весник, наречен “Vossische Zeitung”, Јохан вон Медлер, астроном од Берлин, веќе го користел зборот фотографија.
Зборот фотографија произлегува од грчкиот збор “φωτός (phōtos)”, генитив на “φῶς (phōs)”, "светлина" и “γραφή (graphé)” „застапеност со помош на линии или "цртaње", кои заедно означуваат „цртање со светлина.ˮ Историја и развој
Технологии на претходниците Фотографијата произлегла , со поврзувањето на неколку технички откритија. Долго време пред да бидат направени првите фотографии, во 5-ти и 4 век пред нашата ера, кинескиот филозоф Мо Ди и грчките математичари Аристотел и Евклид го опишале фотоапаратот без леќи. Во 6 век, византискиот математичар Антим од Трелс, користел еден вид на темна комора во неговите експерименти. Ибн ал-Хаутам (Алхазен) ја проучувал темната комора и фотоапаратот без леќи, Албертус Магнус (1193-1280) го открил сребрениот нитрат и Жорж Фабрикус (1516-1571) го открил сребро хлоридот. Даниел Барбаро ја опишал мембраната во 1566 година. Во 1694 година, Вилхелм Хомберг опишал како светлината ги затемнила некои хемикалии ( фотохемиски ефект). Белетристичката книга “Giphantie”, од францускиот автор Типењ де ла Рош, објавена во 1760 година, го опиша она што може да се протолкува како фотографија.
Откривањето на темната комора, која дава слика од место датира од античка Кина. Леонардо да Винчи споменува дека во темните пештери, на крајот од сончевата долина се формираат природните темни комори. Дупката во пештерскиот ѕид, ќе дејствува како фотоапарат без леќи и се одбива, странично зачувана, слика која на парче хартија е наопаку. Затоа, настанокот на фотографијата првенствено се однесува на содзавање на средство, за да се приготви и задржи сликата, создадена од страна на темната комора. Првиот успех за копија на слики, без фотоапарат се појавува кога, Томас Веџвуд, од позната фамилија на грнчари, добил примероци од слики цртани на кожа, користејќи сребрени соли. Бидејќи тој немал начин како постојано да ги средува тие копии (со миење на неизложените сребрени соли, сликата се стабилизира), тие ќе се претворат целосно црни на светлина и на тој начин морале да се чуваат во темна соба за да се гледаат. Сликарите од времето на ренесансата користеле темна комора, кое, всушност, му дава оптичко прикажување во боја која се истакнува во западната уметност. Теманата комора буквално на латински, значи „темна собаˮ. Тоа е кутија со дупка во неа, која се овозможува светлината да поминува, и да се создаде слика на парче хартија.
Првата фотографија со фотоапарат (во 1820 година) Фотографијата со помош на фотоапарат, е смислена во првите децении на 19 век, а со тоа, се чинело дека може да се фатат повеќе детали и информации од традиционалните медиуми, како што се сликарство и вајарство. Сликањето како остварлива постапка се навраќа во 1820-тите години, со развојот на хемиската фотографија. Првата трајна отичка литографија била слика, создадена во 1822 година, од францускиот пронаоѓач Нисефор Непс, но беше уништена за подоцна да не се умножува. Непсе повторно успеа да создаде таква слика, во 1825 година. Тој со темна комора ја направи првата трајна фотографија од природата (неговиот поглед од прозорот, во општината Ле Грас). Бидејќи неговите фотогорафии требало време за да се изложат (осум часа), тој се обидел да пронајде нов метод. Работејќи во соработка со Луис Дагер, во 1816 година, врз основа на откритие од страна на Јохан Хајнрих Шулц, тие експериментирале со сребрени соединенија, кои изложени на светлина, мешавината од сребро и креда поцрнува. Непсе починал во 1833 година, но Дагер продолжил со работа, на крајот кулминирајќи со развивање на дагеротипија во 1837 година. Дагер, за првпат слика една личност во 1838 година, додека го земал дагеротипот на улица во Париз, запрел пешак, бидејќи удрило сјај од чевелот, доволно долго за да биде фатен со долга експонажа (неколку минути).Франција на крајот се согласила да му дава пензија на Дагер за неговиот метод, во замена за неговото ветување на целиот свет да го објави своето откритие како дар од Франција, којшто го направил во 1839 година.
Во меѓувреме, Херкулес Фиренца веќе создал многу сличен метод во 1832 година во Бразил, именувајќи го како „Фотографијаˮ, а порано англискиот пронаоѓач Вилијам Фокс Талбот, открил друг начин да се фиксира сребрениот метод за слика, но тоа се чувало во тајност. По читањето за пронајдокот на Дегер, Талбот го усовршува неговиот метод, така што портретите биле лесно достапни до широките маси. Од 1840 година, Талбот го измислил методот „калотипˮ, кој создава негативни слики. Познатата фотографија(од негатив) на Талбот во 1835 година, во опатијата Лакок, е најстарата позната слика од негатив што постои.
Џон Хершел направил многу придонеси во правец на новите методи. Тој го измислил методот „цијанотипˮ сега познат како „скицаˮ. Тој беше првиот кој го употребил зборот „фотографијаˮ, „слика од негативнаˮ и „„слика од позитивˮ фотографија. Тој во 1819 година, го открил натриум тиосолфат, за да биде растворувач на сребро халогенидите, и ги запознал Талбот и Дагер со неговото откритие во 1839 година, дека тоа може да се употребува за „фиксирањеˮ на слики и да ги направи трајни. Тој кон крајот на 1839 година, ја создал првата фотографска плочка за слики од негатив.
Во март 1851 година, Фредерик Скот Арчер во „Хемичаротˮ(ˮThe Chemistˮ) ги објавил своите откритија, преку колодионскиот метод на мокра фотографска плочка. Додека да биде воведена сувата фотографска плоча, овој метод станал најшироко употребуван, помеѓу 1852 година и крајот на 1860 година. колодионскиот метод Спрема колодионскиот метод, постојат три подгрупи : „Амбротипотˮ ( слика од позитив на стакло), „Феротипотˮ или „Тинтипотˮ ( слика од позитив на метал ) и вадење слики од негатив на белка од јајце или на пиперен сол.
Во текот на 19 век се постигнало голем напредок кај фотографските плочи и кај вадењето слики од негатив. Во 1884 година, генијалниот Џорџ Истман ја развил технологијата за филм наменет за фотоапарат, за да ги замени фотогорафските плочи, доведувајќи ја технологијата која што денес се користи кај фотоапаратите со филм. Во 1908 година, Габриел Липмен ја освоил Нобеловата награда во Физиката, за неговиот метод на фотографско копирање на боите, врз основа на феноменот за мешање, исто така познар како „Липменскаˮ фотографска плоча.
Црно-бела фотографија Во почетокот фотографиите биле еднобојни, или црно-бели. Дури и откако филмот во боја бил полесно достапен, црно-белата фотографија продолжила да се истакнува со децении, поради нејзината пониска цена и нејзиниот „класиченˮ фотографски израз. Важно е да се обрне внимание дека некои еднобојни слики не се секогаш чисто црно-бели, но исто така содржат и други нијанси во зависност од развивањето на филмот. Методот „цинотипˮ прави слики составен од сини тонов. Методот „албуменˮ прави кафеави тонови, и за првпат се користи повеќе од 150 години.
Многу фотографи продолжуваат да прават некои еднобојни слики, поради често докажаната архивска трајност на добро развиените сребро-халидни материјали. Некои дигитални слики во боја, се развиваат преку разнообразни техники за да се направат црно-бели слики, а некои производители изработуваат дигитални фотоапарати кои се наменети само за еднобојни слики.
Фотографија во боја
Фотографијата во боја се проучувала во средината на 19-от век. За првите експерименти во боја биле потребни посебно долготрајни експонажи (часови или денови да се направат слики), а фотографот не можел да ја „фиксираˮ, бојата на сликата да не избледнува брзо кога е изложена на бела светлина. Првата трајна фотографија во боја е сликана во 1861 година, преку принципот на тро-бојно сликање и за првпат објавен во 1855 година, од страна на физичарот Џејмс Кларк Максвел. Идејата на Максвел била да направи три одделни црно-бели фотографии преку црвени, зелени и сини светла. Ова овозможува фотографот да пресоздаде слика во боја, со три основни каналчиња.
Едноставните слики од негатив, може да се проектираат преку исти бои на филтри светла и снимени една врз друга на екранот за проекција, којшто е адитивен метод за преснимување на боја. Слика во боја од негатив ,на хартија може да се направи со снимање на три јаглеродни фотографии (од негатив) една врз друга,направени во нивните комплементарни бои, којшто претставува суптрактивен метод за преснимување на боја. За првпат овој метод бил воведен од страна на Луј Дуко ду Орон, во доцните 1860-ти години. Рускиот фотограф Сергеј Михајлович Прокудин-Горски направил широко да се употребува оваа техника за одвојување на боја, користејќи посебен фотоапарат кој едноподруго ги изложува трите филтрирани слики во боја на различни страни од правоаголната (фотографска) плоча. Бидејќи неговите експонажи не биле истовремени, променливите предмети во боја, „бордуриˮ, се појавуваат како светло обоени призраци, од кое произлегува основани или извадени слики(од негетив).
Развојот на фотографијата во боја, било оневозможено од ограничената нестабилност на првите фотографски материјали, кои најчесто биле чувствителни на сино, само малку чувствителни на зелено, и речиси бесчувствителни на црвено. Откривањето на сензибилизатор за бои, од страна на фото-хемичарот Херман Фогел во 1873 година, неочекувано ја направи возможна чувствителноста на зелно, жолто па дури и на црвено. Подобрените сензибилизатори на бои и тековните напредоци во севкупната чувствителност на бои, постојано го намалуваше, некогаш, потребното време за експонажа во боја, доведувајќи го многу поблиску до комерцијална остварливост.Автохромот, првото успешно комерцијално развивање на филм во боја, бил воведен од браќата Лумијер во 1907година. И покрај тоа што Автохромната фотографска плоча била лоша среќа, направена да создаде позитивна провидност , скробните зрнца служеле да се расветли секој дел со прецизна боја, а малите обоени точки заедно помешани во окото, ја синтетизирата бојата на предметот со помош на адитивниот метод. Автохромните фотографски плочи биле една од неколку варијанти на плочи, со адитивен екран во боја и филмови за фотоапарат пласиран на пазарот помеѓу 1890-тите и 1950-тите години.