Свети Константин и Елена () — црква во селото Бубаќево, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.

Храмот најпрвин е изграден како џамија во XV – XVI век. По иселувањето на муслиманското население и неговата замена со Грци од Источна Тракија, во 1924 г. џамијата е претворена во црква. Направена е од мермерни блокови од античка градба. Има правоаголен план и купола брз осумаголен барабан. Сè до 1950 г. куполата била покриена со оловни листови. Лаковите се заострени.

Во 1924 г. при преобраќањето на џамијата во црква е дограден олтар на исток. Во 1930 г. се додадени припрата и галерија во западниот дел, а напред е направен трем. Две децении подоцна тие се срушени, па црквата е одново изградена како трикорабна базилика, повторно од истиот антички мермер. Иконите во црквата се донесени од храмовите на доселениците во Источна Тракија.

Во 1981 г. црквата е прогласена за споменик на културата.

Поврзано Гуменџиско-бојмичко-ругуновска епархија

Наводи

Надворешни врски

Константин и Елена, Бубаќево Константин и Елена, Бубаќево Категорија:Споменици на културата во Пајонија (општина) Константин и Елена, Бубаќево