Свети Димитриј () — црква во гратчето Бојмица, Гуменџиско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.

Историја Во 1843 г. османлиската власт дала дозвола за изградба на црква во селото. Жителите веднаш почнале со изградбата на „Св. Димитриј“, завршувајќи ја во 1859 г. мини|лево|180п|Христос Седржител, фреска од таванот на средниот кораб

Архитектура Црквата е трикорабна базилика, типична за своето време. По населувањето на грчките доселеници во 1922 г. црквата е проширена на запад. Храмот има внатрешни димензии од 24,40 × 9,65 м. Корабите се одделени од девет пара столбови, од кои последнииот пар е зад иконостасот. По издолжувањето на црквата на запад, трем останал само на југ. Нишите на ѓаконикот и жртвеникот се вградени во дебелината на самиот источен ѕид, а нишата на олтарот е полукружна и одвнатре и однадвор. Храмот има три влеза — два од југ и еден од запад. Од нив оригинален е само јужниот, и во нишата над него има дел од фреска на покровителот Димитрија Солунски. Ѕидаријата е направена од речни камења, а аглите се од камени блокови изделкани правоаголно.

Внатрешност Од особен интерес е внатрешноста на црквата. Живописана е од 1860 до 1862 г. од познатиот зограф Маргарит Ламбу од погрченото солунско село Кулакија. Таваните имаат силни бои и геометриски форми. Предниците на аркадите имаат наивни фрески со сцени од житието на Христос. Владичкиот престол и амвонот се резбани и насликани со силни бои. Јужно од црквата има куловидна камбанарија. Во храмот има икони од Авраам Папандреу (1852) и Дамјанос Георгиу (1869, 1871, 1873), на кулакискиот зограф Николаос Константину и на Димитар Вангелов од Петрово, Ениџевардарско.

Во 1981 г. црквата е прогласена за споменик на културата.

Поврзано Гуменџиско-бојмичко-ругуновска епархија

Наводи

Надворешни врски

Димитриј, Бојмица Димитриј, Бојмица Категорија:Споменици на културата во Пајонија (општина) Категорија:Појавено во 1859 година Димитриј, Бојмица