Свети Ѓорѓи и Пресвета Богородица Утешение () — женски манастир кај поранешното село Цигарево, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.
Географија Манастирот се наоѓа во југоисточните пазуви на планината Пајак над Гуменџе, на неколку километри јужно од селото Рамна, на местото на некогашно Цигарево. Кон манастирот водат три пата — еден од Гуменџе преку Рамна, друг од Дамјан, а трет од Пилорик. Јужно од манастирот се гледаат урнатините од куќите на Цигарево.
Историја Манастирот е основан во 1990 г. од монахињата Јована Хаѕика кај постоечката цигаревска црква „Св. Ѓорѓи“. Осветен е на 28 август 1991 г. од митрополитот Амвросиј Полјанско-кукушки. Во септември истата година прешла во новосоздадената Гуменџиско-бојмичко-ругуновска митрополија.
Мошти Во манастирот има мошти од Свети Рафаил, Света Олимпија, Апостол Филип, Света Петка, Петте Маченици (Евгениј, Евстратиј, Мардариј, Орест и Авксентиј), кожата на Свети Кирик, мошти на Света Катерина, Свети Јоаким Ватопедски, светци од манастирот Хозева, Витлеемските младенци, Свети Игнатик Метимниски, Свети Јован Колибар, Свети Методиј и Свети Ѓорѓи.
Цркви и параклиси Манастирската црква „Пресв. Богородица Утешение“ е храм со куполи од светогорски тип. Има резбан иконостас. Црквата е живописана од Христос Карапалис, а преносливите икони се дело на монахињите.
Северно од главната црква е малата македонска црква „Св. Ѓорѓи“, веројатно изградена во XIX век, која во прво време имала улога на главна црква на овој манастир.
На север од влезот е параклисот „Св. Архангели и св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат“. Десно од плоштатчето е параклисот „Св. Никола и св. Пантелејмон“, а лево е параклисот „Св. Мироносци и св. Кипријан и Јустин“. Југоисточно од манастирската црква е малката црквичка „Св. Онуфриј“, а југозападно е параклисот „Св. Сава“. Десно надвор од главната манастирска порта е параклисот „Воскресение Христово и св. Харалампиј“, а лево е „Св. Лука Кримски“.
Поврзано Гуменџиско-бојмичко-ругуновска епархија
Наводи
Ѓорѓи Богородица, Цигарево Ѓорѓи Богородица, Цигарево Ѓорѓи Богородица, Цигарево Ѓорѓи Богородица, Цигарево Категорија:Појавено во 1990 година