Света Петка () — црква во селото Балевец, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е гробишен храм, сместен во североисточниот дел на селото. Според натпис на фреска над јужниот влез однадвор, храмот е изграден во 1834 г. веројатно врз темелите на постара црква.
Храмот претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, полукружна апсида на исток и трем направен подоцна.
Живописот во црквата е интересен. На јужниот ѕид е претставен ктиторот Трендафил Хаџидимитров, облечен во носија од тоа време. Резбаниот иконостас со светни украси, иконите на него и реставрираните самостојни икони се дело на Кулакиската школа и носат потписи од почетокот на XIX век.
По изградбата на новиот главен храм „Св. Петка“ во 1982 г. (на 100 м југозападно од стариот), сите преносливи икони од старата црква се префрлени во новата – 80 икони од 1828, 1834, 1868 и 1883 г. и 1 дрвена дарохранителница.
Земјотресот во 1978 г. причинил големи штети на храмот, и потоа се направени разни произволни интервенции кои значително го измениле неговиот првобитен облик.
Денсо од храмот има извор.
Во 1993 г. црквата е прогласена за споменик на културата.
Поврзано Лагадинско-ајватовско-рендинска епархија
Наводи
Петка, Балевец Петка, Балевец Категорија:Споменици на културата во Лагадина (општина) Петка, Балевец Категорија:Појавено во 1834 година