Свети Димитриј () — црква во селото Корфалу, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е изградена во XX век во центарот на селото и има улога на парохиски храм. Претставува крстокуполна трикорабна базилика со повисок среден кораб и припрата на запад. Во неа се чуваат 35 вредни икони од XVIII – XIX век (со датуми 1763, 1830, 1842 и 1893 г.).
Поврзано Лагадинско-ајватовско-рендинска епархија
Наводи
Димитриј, Корфалу Димитриј, Корфалу