Инкарнатска детелина () — едногодишен вид на детелина од фамилијата бобови опишан од Карл Линеј, пронајден во поголемиот дел од Европа. Воведен е и во други области, вклучувајќи ги САД и Јапонија.
Опис
Растението е едногодишно, неразгрането или разгрането уште од основата, високо 10–50 см. Стеблото е исправено, во долниот дел покриено со густи полураширени влакна, а во горниот дел со раширени влакна. Базалните листови имаат многу долги дршки, додека кај најгорните листови дршките се покуси од листната плочка. Листовите се обратнојајцевидно-клиновидни, речиси приседнати, со заоблен или плитко всечен врв, долги 10–20 мм, најчесто назабени по врвот и од двете страни покриени со полураширени влакна. Прилисниците се јајцевидно-долгнавести, белузлави, со зелени испакнати жили. Нивниот слободен дел е триаглест и зелен, а лисните дршки се покриени со прилегнати влакна.
Соцветијата се обично поединечни, терминални, долги 10–60 мм, јајцевидни до цилиндрични и составени од голем број цветови со многу долги дршки. Цветовите се произведуваат во текот на пролетта и летото.
Чашката е долга 9–10 мм. Нејзиниот цилиндричен трубест дел е долг 3,5–4 мм, има десет жили и е покриен со густи полураширени влакна. Запците се линејно-шиловидни, долги 6–7 мм и покриени со полураширени влакна, при што двата горни се странично раширени. Венчето е црвенкаво, розово, кремаво до бело. Барјачето е долго 10–17 мм, линејно и на врвот заострено, долго околу 4 мм повеќе од крилцата. Лаѓичката е околу 1 мм покуса од крилцата. Плодот е мала, јајцевидна мешунка со ципеста обвивка, сместена во чашката.
Употреба лево|мини| Инкарнатска детелина во Хјого, Јапонија Инкарнатска детелина најчесто се користи во земјоделството како покривна култура за врзување на азот. Растението се здружува со бактериите Rhizobia за да го врзува азотот. Растението нашироко се одгледува како фуражна култура богата со белковини за говеда и друг добиток, и е погодна за правење сено. Најчесто го пасат домашни и диви преживари.Heuzé V., Tran G., Maxin G., 2016. Crimson clover (Trifolium incarnatum). Feedipedia, a programme by INRA, CIRAD, AFZ and FAO. https://www.feedipedia.org/node/247 Last updated on April 19, 2016, 11:33 Често се користи за контрола на ерозијата покрај патиштата, како и за разубавување, но има тенденција да ги елиминира сите други пожелни пролетни и рано-летни видови автохтона вегетација во областа каде што е засадена.
Цветовите на Инкарнатска детелина и никулците, кои визуелно и вкусно се слични на никулците од луцерка се јадливи. Може да се додадат како состојка во салати, сендвичи и други јадења, да се направат билни чаеви, а може да се исушат и сомелат во брашно. 100 грама никулци од Инкарнатска детелина содржат 23 калории, 4 гр. белковини, 2 гр. влакна и обезбедуваат 38 проценти од RDI витамин К, како и 14 проценти од RDI витамин Ц. Има исклучително мали количини на калциум, железо, фосфор, цинк, селен и магнезиум. Како и сите сирово изедени никулци, тие го поседуваат ризикот од контаминација од Escherichia coli, салмонела, листерија и Bacillus cereus. Сепак, многу угледни институции во Соединетите Држави се обидуваат да ги регулираат и тестираат овие култури за такви бактерии.
Животен циклус Во благите зимски области, како што се крајбрежната Калифорнија и северозападниот дел на Тихиот Океан, инкарнатска детелина обично се однесува како зимско годишно растение. Семињата ртат при првите дождови на крајот на летото или на есента. Растенијата растат во текот на зимата и имаат голем процут на доцна пролет. Во сувите летни клими, растенијата умираат по созревањето на семињата. На места со доволна летна влага, растенијата можат да продолжат да растат и цветаат; па дури и може да се однесуваат како краткотрајни повеќегодишни растенија.
Одгледување Се сее што е можно побрзо по отстранувањето на житната култура со стапка од 20-22 кг/ха. Утврдено е дека е подобро да успее кога само површината на почвата се меша со скарификатор и хара, отколку кога се прави орање. Расте брзо во пролет и дава изобилен род зеленило. Сепак, може да се добие само едно косење, бидејќи не расте повторно по косењето.
Варијабилност
Trifolium incarnatum subsp. incarnatum — цветовите се пурпурно црвени, долги колку чашката или многу малку подолги. Trifolium incarnatum subsp. molinerii — цветовите се кремави, розови или белузлави, многу подолги од чашката.
Распространетост во Македонија Инкарнатската детелина расте по брдски пасишта и ливади до надморска височина од 1350 метри. Подвидовите се среќаваат на различни места:
Trifolium incarnatum subsp. incarnatum — се среќава во околината на Струмица (Босиљанова) и Мавровското Поле. Trifolium incarnatum subsp. molinerii — широко распространето растение, се среќава во селото Катланово, Катлановско Блато, селото Петровец и Скопска Црна Гора во Скопје, Таорската Клисура, селото Велебрдо во Гостивар, Маркови Кули и селата Чепиго и Кривогаштани во Прилеп, Смолево и Црновршка Река во Битола, Илиница и селото Светораце во Кичево, Штип, Пробиштип, Кочани, Македонска Каменица, селото Луковица во Делчево, Пехчево, Радовиш, селото Баница во Струмица, Гевгелија, Нов Дојран кај местото наречено Асанли, селата Стење и Царина во Ресен, планината Бистра кај селото Лазарополе, планината Галичица кај Војтина Планина над селото Лубаништа.
Наводи
Надворешни врски
Флора Европа: Trifolium incarnatum Екофлора: Trifolium incarnatum Информативен лист на ФАО: Trifolium incarnatum Ајилвсги, Гејата. (2003). Диви цвеќиња од Тексас. Shearer Publishing, Фредериксбург, Тексас (САД).ISBN 0-940672-73-1 . Роберт В. Фрекман Хербариум, Универзитет во Висконсин Страна со неколку фотографии. Ултраструктурни детали забележани на површината на „црвена детелина“, цветен ливче Trifolium incarnatum.
Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Зеленчук Категорија:Детелина Категорија:Фуражни култури Категорија:Медоносни растенија Категорија:Приземни растенија Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Незагрозени видови според МСЗП