мини|Илустрација на обичен гавез мини|Обичен гавез Обичен гавез () — повеќегодишно тревесто растение од семејството на лисичинките (Boraginaceae). Познат е во народната медицина по своите лековити својства.
Изглед на растението Стеблото е тревно, исправено и достигнува должина од 30 до 60 см. Се разгранува во горниот дел, насекаде е многу влакнесто и цврсто, а внатре шупливо.Петковић, Б. Марин, П. & Божа, П. 1995. Практикум из систематике виших биљака. Наука. Београд.
Листовите се исто така влакнести.
Цветовите се групирани во соцветни кадрици. Чашката е двојно пократка од круната, која се состои од валкано-розови или жолтеникаво-бели листови кои пораснале заедно, па имаат изглед во форма на ѕвонче. Внатре во круната има кратки папиларни лушпи. Растението цвета од мај до јули.
Се размножува со црни и жолтеникави семиња. Тоа е лековито и благо отровно растение.Grdiša, Martina. "Medicinal and Aromatic Plants of our region: Comfrey (Symphytum officinale L.)." Lovački vjesnik 120.6 (2011): 83-83.
Живеалиште и распространетост Често е на низински терен и бара влажни живеалишта како што се ливадите.
Се наоѓа и на влажни места покрај потоци, канали, реки, железнички пруги, патишта и др.
Распространета е во поголемиот дел од Европа, сè до западен Сибир и Мала Азија. Припаѓа на понтичко-средоземниот цветен елемент.Којић, М & Јањић, В. 1991. Отровне биљке. Научна књига. Београд.
Во Македонија обичниот гавез е распространет во Градскиот парк, покрај реката Вардар во Скопје, Таорска Клисура, Македонски Брод. Се посочува дека е најден и во село Банско, Струмичко, Крива Паланка и покрај реката Вардар на потег од Велес до Гевгелија како и во Дојран.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 122, издавач: МАНУ, Скопје, 2010
Важност Од античко време обичниот гавез се користел како лековито растение за лекување на артериосклероза, но и за заздравување на рани и изгореници, како и за промовирање на заздравувањето на фрактури на коските. Се користат: коренот, младите гранчиња, стеблото и листот.
Во народната медицина коренот и листовите се користат за лекување на воспалени рани, рани кои тешко зараснуваат, скршеници на коски, бронхитис, респираторни проблеми, катара, пневмонија итн. Не е дозволено да се нанесува на отворени рани.Ostojić, Z. (2008). Black comfrey (Symphytum officinale)-useful and negative sides of the weeds. Gospodarski list, 160(5), 49.
Значајни супстанции Листовите содржат значително количество на каротин. Гликоалкалоидот консолидин и циноглицин се присутни во свежите надземни делови. Во коренот, покрај споменатите алкалоиди, има и помали количества на пуринскиот дериват алантоин.
Наводи
Надворешни врски Агенцијата за рак на Британска Колумбија на comfrey https://www.natural-medicinal-herbs.com/herbs/comfrey.html обичниот гавезза поубав и свилен изглед, „Royal Balm“, 07.07.2018. ) Гавез — лековити својства
Категорија:Лековити растенија Категорија:Лисичинки Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Македонија Категорија:Статии со микроформати за вид