Закари Едвард Снајдер (роден на 1 март 1966 г.) — американски филмски режисер, продуцент, сценарист и кинематограф.
Прв долгометражен филм на кој тој се потпишал како режисер е хоророт Зора на живите мртовци од 2004 година, кој бил римејк на истоимениот филм од 1978 година. Од тогаш, тој бил режисер или продуцент на бројни филмови базирани на стрипови, како 300 (2007) и Чувари (2009), како и суперхеројските филмови на DC Extended Universe, Човек од челик (2013), Бетмен против Супермен: Зора на правдата (2016) и Лига на правдата (2017). Во 2021 година бил објавен филмот Лига на Правдата на Зак Снајдер кој е проширена верзија на филмот од 2017 година. Тој исто така е режисер на филмовите Легенда за чуварите: Бувовите на Га'Хул (2010), Неочекуван удар (2011), и Војска на живите мртовци (2021).
Во 2004 година, тој ја основал продуцентската компанија The Stone Quarry заедно со сопругата Дебора Снајдер и неговиот колега Весли Колер.
Рани години Снајдер е роден во Грин Беј, Висконсин и израснал во Риверсајд, Конектикат. Неговата мајка, Марша Менлеј, била сликар и наставник по фотографија. Неговиот татко, Чарлс Едвард „Ед“ Снајдер, работел како извршен регрутер. Тој има постара сестра, Одри, додека пак неговиот брат, Сем, починал додека Зак бил тинејџер.
Снајдер го посетувал кампот за христијански науки Оватона во Харисон, Мејн, за време на летните месеци како дете. Тој изучувал сликање една година по завршувањето на средното образнование во школата за уметности Хитхерли во Лондон, и покрај тоа што веќе започнал да се занимава со снимање филмови. Подоцна, Снајдер се школувал на колеџот за дизајн Арт Центар во Пасадена, Калифорнија. Тој дипломирал на отсекот филм во 1989 година.
Кариера Снајдер го снимил првиот долгометражен филм, хоророт Зора на живите мртовци во 2004 година, за кој филмските критичари упатиле позитивни критики, а потоа неговиот следен филм, 300 (2006), кој бил адаптиран од истоимениот стрип на Френк Милер, бил хит во кино салите, заработувајќи 456 милиони долари ширум светот наспроти неговиот буџет од 60 милиони долари. Неговиот следен филм, Чувари, бил издаден на 6 март 2009 година, и достигнал заработка од 185 милиони долари ширум светот. Негов следен проект бил анимиранот филм, Легенда за чуварите: Бувовите на Га'Хул кој бил издаден на 24 септември 2010 година. Снајдер бил продуцент, ко-сценарист и режисер на филмот Неочекуван удар, кој бил издаден на 25 март 2011 година. Филмот, базиран на сценариото напишано од Снајдер и Стив Шибуја, обработувал приказна за млада девојка во ментална болница која замислува бегство со колегите.
Снајдер го режирал суперхеројскиот филм Човек од челик за Warner Bros. во 2013 година, кој бил нов филм во франшизата Супермен и почетен филм во серијалот филмови на DC Extended Universe (DCEU) базирани на стрипови. Тој следно го режирал продолжението на филмот 300, 300: Подемот на царството (2014).
За време на фестивалот „Comic Con“ во 2013 година, Снајдер објавил дека Бетмен и Супермен ќе бидат дел од неговиот најнов филмски проект, Бетмен против Супермен: Зора на правдата, кој бил издаден во 2016 година. Во филмот Хенри Кавил ја повторил улогата на Супермен, додека пак Бен Афлек го играл Бетмен. Снајдер бил режисер на филмот Лига на правдата од 2017 година, но го напуштл филмот во неговата пост-продукција за да се справи со смртта на неговата ќерка, Отом Снајдер. Негова замена бил Џос Ведон.
На 29 јануари 2019 година, Снајдер објавил дека потпишал договор да го режира филмот Војска на живите мртовци за Нетфликс. Снајдер го продуцирал и режирал филмот со својата сопруга, Дебора Снајдер, преку нивната ребрендирана продуцентска компанија, The Stone Quarry. Неговиот договор со Нетфликс се проширил на франшизата Војска на живите мртовци; во која биле вклучени филмовите Војска на крадци, издаден во 2021 година, и Планета на живите мртовци, продолжение кое ќе биде снимено во иднина.
На 20 мај 2020 година, Снајдер објавил дека Лига на Правдата на Зак Снајдер, кој претставува проширена верзија на првичниот филм од 2017 година, ќе биде објавен на платформата HBO Max во 2021 година. Филмот бил издаден на 18 март 2021 година.
Филмографија Филм Година Наслов Заслуги за Белешки Режија Сценарио Продукција Кинематографија 2004 Зора на живите мртовци 2007 300 Ко-сценарист со Курт Џонстад и Мајкл Б. Гордон 2009 Чувари 2010 Легенда за чуварите: Бувовите на Га'Хул 2011 Неочекуван удар Ко-сценарист заедно со Стив Шибуја 2013 Човек од челик 2014 300: Подемот на царството Ко-сценарист со Курт Џонстад 2016 Бетмен против Супермен: Зора на правдата 2017 Вондер вуман Приказна напишана заедно со Алан Хаинберг и Џејсон Фукс Лига на правдата Приказна напишана заедно со Крис Терио 2020 Вондер Вуман 1984 2021 Лига на Правдата на Зак Снајдер Приказна напишана заедно со Крис Терио и Вил Бил Војска на живите мртовци Ко-сценарист со Шеј Хатен и Џоби Харолд Војска на крадци Приказна напишана заедно со Шеј Хатен Идно Бунтовна месечина Ко-сценарист со Шеј Хатен и Курт ЏонстадПриказна напишана заедно со Курт Џонстад
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Cruel and Unusual Films – Продуцентската компанија на Снајдер
Категорија:Родени во 1966 година Категорија:Американски режисери Категорија:Американски сценаристи Категорија:Американски феминистки