Повардарие — географски, етнографски и административен поим кој се користи за средишниот дел на Република Македонија, односно долината на реката Вардар. Поимот Повардарие се користи за релјефната целина Ниска Македонија, за долината на реката Вардар и населените места во неа, а исто така е и име на втората по големина винарска визба во Република Македонија.

Географија Географскиот поим Повардарие ја опфаќа долината и течението на реката Вардар од Дервенската Клисура и Скопската Котлина сѐ до Гевгелија и границата со Грција, со сите притоки и сите планини и клисури.

Во минатото, таа била исполнета со вода, од три езера, но поради силните тектонски движења тие истекле кон Егејското Море. На тој начин се создала композитната долина на Вардар во која се сменуваат повеќе котлини и клисури: Скопската Котлина, Таорската Клисура, Велешката Котлина, Велешката Клисура, Тиквешката Котлина, Демиркаписка Клисура, Гевгелиско-валандовската Котлина и Циганската Клисура.

По должината на реката вардар навлегуваат средоземни климатски влианија, така што климата е потопла цела година, а во котлините има претежно плодни почви погодни за одгледување разни земјоделски култури.

Демографија Административно и политички Повардарието (Повардарскиот регион) ги опфаќа градовите: Велес, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Гевгелија, Валандово и Богданци. Најголем град е Велес со 46.690 (заедно со Превалец) жители, кој е и главен град на Вардарскиот статистички регион. Според бројот на жители, најголема општина е Велес, а најмала Дојран, додека според површина најголема територија зафаќа општината Чашка, а најмала — Богданци.

Според пописот од 2002 година, во Повардарието живееле 177.215 жители, во 11 општини. Од нив 118.535 имало во градовите, а 58.680 во селата.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Македонците сочинуваат 88,5 % од населението, а во помал број се застапени и другите етнички заедници. Албанците и Бошњаците живеат во неколу села во Велешко, Турците во Велес и во Валандовско, а Србите во Тиквешијата, Бојмија и Дојранско.

Села со над 2.000 жители во регионот се: Ваташа (3.502 ж.) - денес приградска населба на Кавадарци, потоа Росоман (2.554 ж.), Горно Оризари (2.262 ж.), Градско (2.219 ж.) и Негорци (2.047 ж.).На табелата е прикажан бројот на население во регионот по општини, поделено по етнички групи:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk . Бр.ОпштинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациостанатиВкупно1Велес46.7672.2991.7248003435402.40622955.1082Кавадарци37.157216467927214414438.3913Гевгелија19.6548311321434948920.3624Неготино17.768302434531462717619.2125Валандово9.830/1.33332163915411.8906Богданци8.09325415525/278.7077Чашка 4.3702.738390/16367447.6738Демир Капија3.9972334416/1321324.5459Росоман  3.694//6/409/324.14110Градско 2.92412571127/23465253.76011Дојран2.641174025932772253.426Вкупно156.8955.2444.7562.1866083.7982.951777177.215

Поврзано Повардарска епархија

Наводи

Категорија:Историско-географски области во Македонија Категорија:Вардарски слив Категорија:Вардарски Регион