Свети Димитриј () — црква во градот Негуш, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Претставува еден од парохиските храмови во Негуш.
Црквата е сместена во горниот западен дел на градот, близу плоштадот „Камена“ и срушената џамија. На местото на храмот имало црква уништена за време на Негушкото востание во 1822 г. При обновата на градот, на нејзино место е изграден мал храм. Во 1922 г. во оваа парохија се доселиле Грци од Мала Азија. Во 1996 г. малата црква е урната и на нејзино место е изграден сегашниот голем храм, по проект на архитектот Павлос Кирјакос. Изградбата чинела 15 милиони драхми, собрани од прилози на верниците.
Во храмот има две големи икони на Свети Димитрија Солунски, од кои едната датира од XVIII век. За вредни се сметаат и иконите на Свети Јован Богослов од XVII век и Свети Василиј од XVIII век, донесени од малоазиските доселеници.
Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија
Наводи
Димитриј Дмитриј, Негуш Категорија:Појавено во 1996 година