Сајоко Ери (јули 19, 1945 - октомври 3, 2007) била јапонска кирикане уметница. Таа е една од Живите национални богатсва на Јапонија, и член на Јапонската Когеј Асоцијација. Нејзиниот сопруг е вајарот Кокеј Ери. Нејзината ќерка е исто така кирикане уметница - Томоко Ери. Нејзиниот син е уметникот Наоки Ери.
Биографија мини|Кирикане дела во Државната куќа за гости во Кјото од Ери Сајоко мини|Кирикане дело во Државната куќа за гости во Кјото од Ери Сајоко Родена во семејство на јапонски везачи го научила јапонскиот стил на сликање и на боење. Таа започнала да се занимава со кирикане во 1974 година, откако се омажила за Кокеи Ери, вајар на Будистички слики. Откако ја научила оваа вештина, таа имала обид да го прошири својот опсег како уметник, активно користејќи ја техниката кирикане не само за традиционалните будистички слики, туку и за модерните ракотворби. Нејзините дела вклучуваат предмети како што се кутии, послужавници, садови за темјан, садови за зелен чај во прав, плакети, украси на ѕидови, преклопни екрани и разделувачи на простории.
Ери ги изложувала своите дела на приватни и на јавни изложби. Ја освоила Наградата на Претседател на Јапонската асоцијација за уметнички занаети, главната награда на изложбата, во 1991 година и Меморијалната награда на Принц Такаматсу во 2001 година. Учествувала во украсувањето на Државната куќа за гости во Кјото.
Таа била почестена како важен нематеријален културен имот, исто така познат како Живо национално богатство (Јапонија), на 8 јули 2002 година, за нејзината експертиза и придонеси во кирикане.
Ери Сајоко починала неочекувано на 3 октомври 2007 година, на 62-годишна возраст, во Амјен, Франција.
Награди
Награда на 14-то Јапонско здружение за уметнички занаети на изложбата на јапонски традиционални уметнички занаети во областа Кинки за „Октагонална кутија, фантазија на пеперутки“ во 1985 година Наградата Асахи Шимбун на 6-та изложба на здружението за традиционална уметност на Нанабукаи занаетчиство за „Украсна мала кутија, расцутена“ во 1990 година Претседателска награда на 38-то Јапонско здружение за уметнички занаети, на изложбата на јапонски традиционални уметнички занаети за „Украсна кутија, цветна уметност и елеганција“ во 1991 година Награда на Јапонското здружение за уметнички занаети на 8-та изложба на здружението за традиционална уметност на Нанабукаи за „Украсна мала кутија, убав момент“ во 1992 година Наградата Нихон Кеизаи Шимбун на 22-та изложба на јапонските традиционални уметнички занаети во областа Кинки за „Украсна кутија, расцутен цвет“ во 1993 година Комеморативна награда Такаматсуномија на 48-та изложба на јапонски традиционални уметнички занаети за „Украсна кутија, фантазија на патот на свилата“ во 2001 година
Надворешни врски Светот на Сајоко Ери Кирикане - брилијантност и романса на златен лист - Кирикане од Сајоко Ери, Цукуру (Создавање) 1 - Средби со 13 занаетчиски уметници, организирани од NHK (Nihon Broadcast Association9, 1990 година, од Japan Broadcast Publishing Co.
Категорија:Јапонски уметници Категорија:Починати во 2007 година Категорија:Родени во 1945 година Категорија:Статии со текст на јапонски