Свети Ѓорѓи ( или Μπουτκόβου) — црква во селото Дели Хасан, Валовишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Валовишката епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е се наоѓа на рид кај селото. Изградена е во 1834 г. Претставува единствената преостаната градба од поранешниот Бутковски манастир. Градбата е трикорабна куполна базилика со полукружна апсида на исток и отворен трем од југ и запад. Прозорците се украсени со гранит, а двете врати имаат фино изработени мермерни довратници. На иконостасот има икони од XIX век. Внатрешноста е живописана во 1858 г. Манастирот бил база на андартите за време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија на почетокот на XX век.

Во 1992 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата.

Поврзано Валовишка епархија

Наводи

Ѓорѓи, Дели Хасан Ѓорѓи, Дели Хасан Ѓорѓи, Дели Хасан Ѓорѓи, Дели Хасан Категорија:Споменици на културата во Синтика Категорија:Појавено во 1834 година Категорија:Грчка вооружена пропаганда во Македонија