Рампо Левков - Левката (, - , ) — македонски комунист, учесник во НОВ, народен херој.

Животопис Рампо Левков е роден во 1909 година во Прилеп. Дедо му држел кафеџилница и берберница, а татко му имал грнчарница во Прилеп.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 199 Основно образование и гимназијата завршил во Прилеп, а во 1929 година се запишал на Правниот факултет во Белград, каде студирал вонредно. И покрај материјалните тешкотии, го завршил за пет години.

мини|лево|Членови на Извршниот одбор на Народниот фронт на Прилеп. Одлево на десно: Љубен Лапе, Методија Андонов-Ченто, Кирил Петрески – Димуш, Рампо Левката и Коце Ќурчија, Прилеп, 1938. Во 1935 година заминал на отслужување на воениот рок во Ваљево, а откако се вратил во Прилеп, се вработил како доброволец во прилепскиот суд. Планирал да се кандидира за претседател на општината, но според законските прописи, не го исполнувал условот за старост, односно, имал под 30 години.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 200 Сепак, зел активно учество во составување на списокот на кандидати од граѓанскиот независен список, и активно им помагал на сограѓаните при составување на жалби, молби и тужби. Пред денот на гласање, полицијата го уапсила него како и Трајко Бошковски - Тарцанот.

По изборите, полицијата често му упаѓала дома, барајќи причини за да го уапси. Во 1940 година, Рампо Левков бил испратен во Ужице, во неофицијален логор за сомнителните. Таму ја дочекал капитулацијата на Југославија, по што се вратил дома.

Учество во НОБ Поради својот револуционерен дух, често бил затворан. Од есента 1941 година, живеел и дејствувал полуилегално и со голем успех работел на омасовувањето на оруженото востание на македонскиот народ. Во меѓувреме полагал адвокатски испит, а месниот комитет на комунистичката партија сметал дека ќе е од полза доколку отвори самостојна адвокатска канцеларија, која би била користена за курирски врски со селата и со партизанскиот одред. Така и се случило.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 201200п|десно|мини|Биста на Рампо Левков - Левката во ПрилепВо декември 1941 година, Пенко Здравковски, кој бил раководител на партиската ќелија во која членувал Левката, побарал од Рампо Левков да напише нешто во стих. Тогаш Рампо Леквов ја составил баладата од 170 стиха, „Бабуна“, која наредниот ден била размножена и делена меѓу народот, а во мајскиот број во 1942 година на „Народен глас“, песната била ставена на насловната страница.

На 14 септември 1942 година, по разбивањето на партизанскиот одред на планината Мукос, бугарската војска го уапсила Рампо Левката, заедно со уште дваесетмина. По долгото мачење, осумнаесетмина биле стрелани од страна на бугарскиот окупатор, кај селото Дабница, Прилепско, на 19 септември 1942 година. Овој масакр е познат под името Дабнички маскар.

За народен херој бил прогласен на 11 октомври 1951 година.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 203 Во негова чест, едно основно училиште во Прилеп го носи неговото име.

Наводи

Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија Категорија:Македонски комунисти Категорија:Југословенски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Народни херои на Југославија Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Македонски општественици Категорија:Југословенски општественици