Ревија во издание на Друштвото на писателите на Македонија.
Првиот број излегол во 1996 година под името Стожер: весник на Друштвото на писателите на Македонија, како месечник за литература, култура и уметност.
Во 1999 година поднасловот на ревијата е „месечна ревија за литература, култура и уметност“, а од 2001 година „ревија за литература, култура и уметност“.
Уредници на ревијата „Стожер“ биле македонските писатели и книжевни дејци: Стефан Марковски, Лилјана Пандева, Даниела Андоновска-Трајковска, Лејла Шериф Емин, Виолета Танчева-Златева, Делвина Крлуку, Науме Радически, Иван Додовски, Есад Бајрам и други.
Форматот на ревијата е 29 сантиметри, а последните години излегува четирипати годишно. Од 2022 година сите статии, песни, раскази и други објави во ревијата се каталогизираат со УДК број. Ревијата е достапна на мрежното место на Друштвото на писателите на Македонија.
Главни уредници Светлана Христова-Јоциќ (1996-2000) Тодор Чаловски (2000-2002) Васил Дрвошанов (2002-2005) Борис Вишински (2005-2008) Горјан Петревски (2008-2011) Александар Поповски (2011-2014) Петре Димовски (2014-2018) Трајче Кацаров (2018-2022) Славчо Ковилоски (2022-)
Наводи
Категорија:Македонски списанија