Пресвета Богородица Живоносен Извор () — црква во селото Старчишта, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е завршена на 24 април 1876 г. според плоча на ѕидот. Претставува трикорабна базилика типична за XIX век. Тремот на западната страна, образуван од колонада, подоцна е затворен. Иконостасните икони се дело на Стерјо Зограф (Серги Георгиев) од Неврокоп и се датирани 1859, 1865 и 1877. На крајот на XIX - почетокот на XX век „Живоносен Извор“ била програчката (патријаршиска) црква во селото, а „Св. Никола“ била во рацете на Бугарската егзархија.
Поврзано Зихненско-неврокопска епархија
Наводи
Живоносен Извор, Старчишта Живоносен Извор, Старчишта Категорија:Појавено во 1876 година Категорија:Дела на Банската школа