Свети Димитриј () — црква во селото Елес, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е изградена во 1882 г. според натписот над јужниот влез, во македонското маало во северниот дел на селото. Претставува трикорабна базилика со женска црква. Според Георги Стрезов, црквата е подигната со ферман од Бугарската егзархија, но подоцна прешла во рацете на Патријаршијата. Во 1909 г. станала егзархиска заедно со целото село. Во отчет до митрополитот Иларион Неврокопски од 1909 г. се вели:

Сè до изградбата на „Св. Троица“ во 1972 г. црквата била главен храм на селото.

Поврзано Зихненско-неврокопска епархија

Наводи

Димитриј, Лисе Димитриј, Лисе Категорија:Појавено во 1882 година