Просеченска базилика () — ранохристијанска црква кај селото Просечен, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.
Местоположба Базиликата е сместена крај патот Просечен – Горенци, на 2 км источно од средновековната црква „Св. Пантелејмон“.
Архитектура Црквата датира од V - VI век. Внатрешните димензии изнесувале 15,40 × 22,70 м. На исток има полукружна апсида со траги од мозаичен под. На запад има припрата и влезот кон наосот е широк 1,70 м. Во околината се откриени столбови и натписи со релјефни и вајарски украси. Во југозападниот агол на градбата е окриен голем ќуп во кој се чувало масло или вино.
Поврзано Драмска епархија
Наводи
Категорија:Цркви во Просечен (општина) Категорија:Цркви во Драмската епархија