Свети Ахил и Свето Благовештение () — црква во градот Гребен, Егејска Македонија. Претставува катедрален храм на Гребенската епархија на Цариградската патријаршија.

Историја Камен-темелникот на храмот е поставен на 13 јуни 1908 г. за време на митрополитот Агатангел Гребенски. Црквата првично го ноисела името „Св. Ахил“ и и претставувала куполна базилика со закосувања на покривот, релативно ретка за своето време. Во архитектурата се забележуваат европски влијанија. Во 1922 г. митрополитот Емилијан II Гребенски ја обновил внатрешноста на храмот, кога е поставен и сегашниот иконостас, дело на светогорски монаси. Иконите на него исто така се светогорски — творби на јеромонахот Серафим од Кареја. Иконата на Благовештението е опкована со злато. Иконите се подарок од митрополитот Емилијан и од истакнати гребенски семејства. За време на митрополитот Филип Гребенски, поради проблеми со покривот, храмот е целосно преизграден — урната е куполата, покривот е снижен, двете проширувања на запад се срушени и на нивно место се подигнати две камбанарии. Изградена е и женска црква. Живописувањето на храмот почнало во 1987 г. за време на митрополитот Сергиј Гребенски. Манолис Јанусис од Периволи во олтарот ја насликал Пресвета Богородица Поширока од небесата. Останатите фрески се дело на зографот Аристотелис Варсамис од Мавронорес.

Поврзано Гребенска епархија

Наводи

Ахил Благовештение Ахил Благовештение, Гребен Ахил Благовештение, Гребен Категорија:Појавено во 1908 година