Рождество на Пресвета Богородица () — црква во селото Маврово, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата се наоѓа во центарот на селото. Камен-темелникот е поставен во 1951 година. Изградбата извесно време била сопрена, за да продолжи во 1959 г. Првата литургија е отслужена на 7 јуни 1964 г. од јеромонахот Генадиј Калупцис.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Богородица, Маврово Богородица, Маврово Категорија:Појавено во 1951 година