Свети Димитриј () — црква во селото Горно Ставрос, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Ерисовско-светогорско-ардамерската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е изградена во 1869 година од епирски мајстори, автори на црквата „Св. Марина“ во Рендина. Храмот претставува трикорабна базилика. Фреските не се зачувани, но зачувани се вредни икони од 1842 г. и порано. До храмот во 1870 г. е изградена камбанарија, а на исток од него има костурница од 1702 г.
Поврзано Ерисовско-светогорско-ардамерска епархија
Наводи
Димитриј, Горно Ставрос Димитриј, Горно Ставрос Категорија:Појавено во 1869 година Димитриј, Горно Ставрос