мини|Карта на Мостарската клучка Мостарска клучка или колоквијално само „Мостар“ — најголемата сообраќајна клучка во Белград. Во неа се влива сообраќај од вкупно шест правци, од кои два се и најоптоварени во Белград - мостот Газела од запад и од југ од правец на Саемот, т.е. Булеварот Војвода Мишиќ. Клучката се наоѓа на европските патишта Е-75 и Е-70.
Мостарската клучка започнала да се гради во 1967, а била завршена во 1974 година на местото на населбата Јатаган Мала. Првично било предвидено да служи како дел од градскиот автопат Бежанија - Автокоманда, но бидејќи обиколницата околу Белград не била завршена, градскиот автопат станал дел од европските автопатишта.
мини|центар|250п|Мостарска клучка
Технички одлики Зафаќа површина од два хектари највисоката точка е 22 преку неа минува трамвајски сообраќај вкрстување на патишта во три нивоа има 6 подземни пешачки премини и четири пасарели има четири автобуски и две трамвајски постојки на клучката во клучката има семафор (обично се прават клучки за да се избегнат семафорите)
Надворешни врски Градски автопат Белград 1961-70 Зошто јамката се вика Мостар: Еднаш одамна имаше река (Нпортал, 5 март 2022 година)
Категорија:Сообраќајот во Белград