Светомаринска кула () — средновековна одбранбена кула северозападно од селото Ежово и северно од Кизили, Нигритско, Егејска Македонија.

Историја Кулата се наоѓа на 1 км северно од Кизили. Близу неа е пештерниот параклис „Св. Марина“, по кој е наречена. Тој е споменат во документ од XI век како „Пресвета Богородица Пештерна“, владение на Иверскиот манастир на Света Гора. Кулата веројатно постоела уште тогаш и имала за задача да го брани храмот. Во морфолошки поглед, аа наликува на Кучоската кула.

Во 1979 г. кулата е прогласена за заштитен споменик на културата.

Поврзано „Св. Марина“ — средновековен пештерен параклис кај кулата Мариина кула — средновековна кула во самото Ежово, исто така прогласена за споменик на културата

Наводи

Категорија:Кули во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Визалтија