Книжевен круг е годишна литературна награда за најдобри ракописи на државно ниво којашто од 2011 година ја доделува Друштвото на писатели Битолски книжевен круг - Битола.
Наградата ја доделува жири-комисија составена од членови на Друштвото за необјавени ракописи, или веќе објавени ракописи во три категории: проза, поезија и книжевна критика. Наградата била доделена и во категоријата драма. Наградата за животно дело се доделува од 2026 година, за целокупен книжевен опус на македонски автори.
Наградените ракописи се публикувани и промовирани на меѓународната манифестација „Битолски книжевни паметења“ која секоја година се одржува во Битола.
Помеѓу останатите имиња, како добитници на наградата Книжевен круг се издвојуваат: Блаже Миневски, Стефан Марковски, Братислав Ташковски, Трајче Кацаров, Весна Мундишевска - Велјановска, Зоран Пејковски, Љубинка Донева, Петре Димовски, Панде Манојлов, Михајло Свидерски други.
Наводи
Категорија:Награди:Книжевност:Македонија Категорија:Македонски литературни награди