Марк Карл Ернест Лудвиг Планк (; 23 април 1858 – 4 октомври 1947) — виден германски теоретски физичар кој ја основал квантната теорија, за која добил Нобелова награда за физика во 1918.The Nobel Prize in Physics 1918. Nobelprize.org. Посетено на 2011-07-05.

Планк направил многу придонеси за теориска физика, но неговата слава како физичар првенствено се потпира на неговата улога како основополижник на квантната теорија. Сепак, неговото име е исто така познато на поширока академска основа, преку преименување во 1948 на германската научна институција, Кајзер Вилхемско здружение (на кој двапати бил претседател), во Здружението „Макс Планк“. Здружението сега опфаќа 83 институции за научни специјализирања, како што е Институтот за еволутива антропологија „Мак Планк“.

Планковата квантна теорија ги револуционира човековите разбирања за атомските и субатомските процеси, исто како што Алберт Ајнштајновата теорија за релативноста го револуционира разбирањето за просторот и времето. Заедно тие ги сочинуваат основните теории на физиката од 20-от век.

Детство и кариера

Планк потекнува од традиционално, интелектуално семејство. Неговите татковски прадедо и дедо биле исто професори по теологија во Гетинген; неговиот татко бил професор по право во Кил и Минхен.

Планк е роден во Кил, Холштајн, како син на Јулиј Јохан Вилхелм Планк и неговата втора жена, Ема Патзиг. Тој бил крстен со името Карл Ернест Лудвиг Маркс Планк; од дадените имиња, Маркс (сега веќе застарена варијанта Маркус или можеби едноставно грешка за Маркс, што е всушност скратеница за Максимилијан) беше посочено како основно име.Christoph Seidler, Gestatten, Marx Planck, Spiegel Online, 24 April 2008 Меѓутоа, на десет годишна возраст тој се потпишал како Макс и го користел ова име до крајот на неговиот живот.Press release of the Max Planck Society about Max Planck's name.

Тој беше 6-ото дете во семејството, но двајца од неговите браќа и сестри беа од првиот брак на татко му. Меѓу неговите најрани мемории беше маршот на прусиските и австриските војници во Кил за време на Втората шлезвишка војна во 1864. Во 1867 семејството се преселило во Минхен, и Планк бил запишан во Максимилијанското гимназиско училиште, каде што бил под раководство на Херман Милер, математичар кој бил заинтересиран за младите, и го научил астрономија и механика како и математика. Планк за првпат ги научил принципите за конзервација на енергијата од Милер. Планк дипломирал порано, на 17 годишна возраст.Encyclopædia Britannica: Max Planck Вака Планк за првпат дошол до контакт со областа од физиката.

Планк бил надарен кога станува збор за музика. Тој одел на часови по пеење и свирел на пијано, оргули и виолончело, и композирал песни и опери. Меѓутоа, наместо музика тој одлучил да студира физика.

Минхенскиот професор по физика Филип фон Џоли го советувал Планк да не се занимава со физика, велејќи, "Во оваа област, речиси сè е веќе откриено, и сè што останува е да се пополнат неколку дупки." Планк му одговорил дека тој не посакува да открива нови нешта, само сака да ги разбере познатите основи од оваа област, и започнал со своите студии во 1874 на минхенскиот универзитет. Под надзор на Џоли, Планк само ги извршил експериментите од својата научна кариера, проучувајќки ја дифузијата на водород преку загреана платина, но се префрлил на теориска физика.

Во 1877 тој заминал во Берлин на година дена да студира со физичарите Херман фон Хелмхолц и Густав Роберт Кирхоф и математичарот Карл Вајерштрас. Тој напишал дека Хелмхолц никогаш не бил подготвен, зборувал споро, грешно пресметувал, и ги здосадувал своите слушатели, додека Кирхоф зборувал за претпазливо спремени лекции кои биле со недостатоци и монотони. Тој наскоро станал близок пријател со Хелмхолц. Додека бил таму, тој презел една авто-студиска програма за Клаусиусовите пишувања, што го довеле да избере топлинска теорија како негова област.

Во октомври 1878, Планк ги положил своите квалификациски испити и во февруари 1879 ја бранел својата дисертација, Über den zweiten Hauptsatz der mechanischen Wärmetheorie (Вториот закон за термодинамика). Тој кратко предавал математика и физика во неговото поранешно училиште во Минхен.

Во јуни 1880, тој ја презентирал својата хабилитациска теза, Gleichgewichtszustände isotroper Körper in verschiedenen Temperaturen (Рамнотежни положби на изотропни тела на различни температури).

Академска кариера

Со завршување на неговата хабилитациска теза, Планк станал неплатен приватен предавач во Минхен, чекајќи додека не добил понуда за академска позиција. Иако првично бил игнориран од страна на академската заедница, тој продолжил да работи на полето за топлинска теорија и го открил едно после друго истиот термодинамички формализам како Гибс без да го примети тоа. Клаусиусовите идеи за ентропија окупирале централна улога во неговта работа.

Во април 1885 Килскиот универзитет го назначил Планк како вондреден професор по теориска физика. Понатамошната работа за ентропија и нејзиниот третман, особено како што е применета во физичка хемија, следела. Тој ја објавил неговата Расправа за термодинамика во 1897 г. English translation: Тој предложил термодинамичка основа за Сванте Арениусовата теорија за електролитна дисоцијација.

Во рок од четири години тој беше именуван како наследник на Кирховата позиција во берлинскиот универзитет — со претпоставка дека било благодарение на Хелмхолцовото посредништво — и од 1892 станал редовен професор. Во 1907 на Планк беше понудена Болцмановата позиција во Виена, но ја одбил за да остане во Берлин. Во текот на 1909, како берлински универзитетски професор, тој бил поканет да стане предавач на Ернест Кемптон Адамс по теориска физика на колумбискиот универзитет во Њујорк. Серија од неговите предавања биле преведени и ко-објавени од страна на колумбискиот универзитетски професор Алберт Потер Вилс. Тој се пензионирал во Берлин на 10 јануари 1926, и бил наследен од Ервин Шредингер.

Семејство

Во март 1887 Планк се оженил со Мери Мерк (1861–1909), сестра на училиштен колега, и се преселил со неа во изнајмен апартман во Кил. Тие имале четири деца: Карл (1888–1916), близнаците Ема (1889–1919) и Грете (1889–1917), и Ервин (1893–1945).

После апартманот во Берлин, семејството Планк живеело во вила во Берлин-Груневалд. Неколку други професори од берлинскиот универзитет живееле во близина, меѓу нив теологот Адолф фон Харнак, кој станал близок пријател на Планк. Наскоро домот на Планк станал општествен и културен центар. Голем број познати научници, како Алберт Ајнштајн, Ото Хан и Лиза Мајтнер беа чести посетители. Традицијата на заедничко свирење на музика веќе беше воспоставена во домот на Хелмхолц.

По неколку среќни години, во јули 1909 Мери Планк починала, можно од туберкулоза. Во март 1911 Планк се оженил со неговата втора жена, Марга фон Хослин (1882–1948); во декември неговото петто дете Херман беше родено.

Во текот на првата светска војна, вториот син на Планк, Ервин беше заробен од страна на французите во 1914, додека неговиот најстар син Карл беше убиен во Битката кај Верден. Грете умре во 1917 при раѓање на нејзиното прво дете. Нејзината сестра умре на ист начин две години подоцна, откако се омажила за вдовецот на Грете. Двете правнуки преживеале и биле именувани по нивните мајки. Планк ги претрпел овие загуби стоички.

Во јануари 1945, Ервин, со кого бил особено близок, беше осуден на смрт од страна на нацистичкиот народен суд (Volksgerichtsho) поради неговото учество во неуспешниот обид за атентат врз Хитлер во јули 1944. Ервин беше погубен на 23 јануари 1945.

Жени: Мери Мерк (о. 1887), Марга фон Хослин (о. 1911) Деца: Карл (1888–1916), близнаци Ема (1889–1919) и Грете (1889–1917), Ервин (1893–1945), Херман (1911–1954)

Професор на Берлинскиот универзитет

Во Берлин, Планк се придружил на локалното Физичко друштво. Тој подоцна напишал за ова време: "Во тие денови јас бев во суштина единствениот теоретски физичар таму, каде работите не беа толку лесни за мене, бидејќи јас почнав да спомнувам за ентропија, што всушност не беше многу модерно, бидејќи беше сметано за математичко плашило., Snipped extract Благодарение на неговата иницијатива, разновидните локални Физички друштва на Германија се споија во 1898 да го формираат Германското физичко здружение (Deutsche Physikalische Gesellschaft, DPG); од 1905 до 1909 Планк беше претседател.

Планк започнал со шест-семестарски курс со лекции од теориска физика, "недостаток, донекаде безлично" според Лиза Мајтнер, "неупотребувајќи белешки, без правејќи гречки, никогаш двоумење; најдобриот предавач што некогаш сум го слушала" според еден англиски учесник, Џејмс Ридик Партингтон, кој продолжува: "Имаше секогаш многу што стоеа наоколу во собата. Како што собата за предавање беше добро загреана и прилично тесна, некои од слушателите од време на време седнувале на подот, но ова не го нарушуваше предавањето". Планк не воспоставил вистинско "училиште"; бројот на дипломираните студенти беше само околу 20, од кои меѓу нив се:

1897 Макс Абрахам (1875–1922) 1904 Мориц Шлик (1882–1936) 1906 Валтер Мајснер (1882–1974) 1906 Макс фон Лауе (1879–1960) 1907 Фриц Рајх (1883–1960) 1912 Валтер Шотки (1886–1976) 1914 Валтер Боте (1891–1957)

Црнотелесно зрачење

Во 1894 Планк го сврте своето внимание кон проблемот со црнотелесно зрачење. Тој беше овластен од страна на енергетски компании да создаде максимална давачка светлина од светилки со користење на минимална енергија. Проблемот беше наведен од страна на Кирхоф во 1859: "Како се емитира интензитетот од електромагнетно зрачење од црно тело (совршен апсорбер, исто така познат како шуплив радиатор) зависно од честотата на зрачењето (т.е., бојата на светлината) и од температурата на тоа тело?". Прашањето било истражено експериментално, но ни еден теоретски обид не се согласил со добиените експериментални вредности. Вилхелм Вин предложил Винов закон, кој точно го предвидил однесувањето на високите честоти, но не успеал при ниски честоти.Рејли-Џинсовиот закон, уште еден пристап до проблемот, го создаде она што подоцна беше познато како "ултравиолетова катастрофа", но спротивно на многу учебници, ова не го мотивира Планк.For a solid approach to the complexity of Planck's intellectual motivations for the quantum, for his reluctant acceptance of its implications, see Helge Kragh, Max Planck: the reluctant revolutionary , Physics World. December 2000.

Првиот предлог на Планк за решение на проблемот во 1899 следело она што Планк го нарекол "Принцип на основно растројство", што му дозволило да го изведе Виновиот закон од голем број на претпоставки за ентропијата за идеален осцилатор, правејќи го она познато како Виен-Планков закон. Наскоро беше откриено дека експерименталните докази не го потврдуваа новиот закон воопшто. Планк го ревидира својот пристап, кој произлегуваше од првата верзија на познатиот Планков закон за црнотелесно зрачење, кој добро го опишува експерименталното набљудување на црниот-телесен спектрум. Ова за првпат беше предложено на состанокот на DPG на 19 октомври 1900 и публицирано во 1901. Оваа прва деривација не содржеше енергетско количество, и не користеше статистичка механика, спрема која тој имаше аверзија. Во ноември 1900, Планк го ревидира овој прв пристап, потпирајќи се на Болцмановата статистичка интерпретација од вториот термодинамички закон како начин за стекнување повеќе основни разбирања од принципите зад неговиот закон за зрачење. Како што Планк беше длабоко сомничав за филозофските и физичките импликации од таквата интерпретација на Болцмановиот пристап, неговото пребегнување кон нив беше, како што подоцна го опишал, "акт на очај ... Јас бев подготвен да жртвувам било кој од моите претходни убедувања за физика."