мини|Патен документ за бегалци мини| Страницата со био-податоци на австралиски бегалски патен документ издаден на кинески бегалец Бегалски патен документ (исто така наречен патна исправа од Конвенцијата од 1951 година или Женевски пасош) — патна исправа издадена на бегалец од државата во која тој вообичаено живее, чија цел е да му се дозволи да патува надвор од таа држава и да се врати повторно. Малку е веројатно дека бегалците би можеле да добијат пасоши од нивната држава (од која побарале азил) и затоа им се потребни патни документи за да можат да се вклучат во меѓународно патување.

145-те држави кои се членки на Конвенцијата од 1951 година за статусот на бегалците се обврзани да издаваат патни исправи на бегалците кои легално живеат на нивната територија. Under Article 28 of the Convention.

Патните документи за бегалци се книшки слични на пасош. Нивната корица ги содржи зборовите „Патнички документ“ на англиски и француски (и често на јазикот на државата што ја издава), како и датумот на конвенцијата: 28 јули 1951 година. Документите првично биле сиви, иако некои земји денес ги издаваат во други бои, со две дијагонални линии во горниот лев агол на предната корица. Носителите уживаат одредени привилегии за безвизно патување, проширени од потписниците на конвенцијата.

Меѓутоа, бидејќи патниот документ за бегалец не е редовен национален пасош, имателот може да наиде на некои проблеми одвреме-навреме поради непознавање на персоналот на авиокомпанијата со таквите документи. Questions over refugee holiday process after Syrian family blocked after leaving Australia Thailand Should Return Football Player Refugee To Australia, Not Bahrain

Патни документи Документ за патување за бегалци од Нов Зеланд Естонски патен документ за бегалци Не е потребна виза за американски патен документ за бегалци (САД) за Германија, Холандија, Белгија, Хрватска, Словенија, Словачка, Унгарија и Кипар. Travel Documents , USCIS Австралиски патен документ. Овој документ сам по себе не му дозволува на носителот да се врати во Австралија; за тоа мора да се добие посебна виза. Convention Travel Documents (CTD) Швајцарски патен документ

Ограничувања Патните документи за бегалци издадени од Владата на Канада не можат да се користат за патување во земјата на државјанството на носителот, а патната исправа за бегалец издадена од друга земја не се третира како валиден пасош за целите на добивање на електронско овластување за патување. Имајќи предвид дека носителите на патните документи за бегалци не се државјани на земјата што ја издава, можеби ќе треба да аплицираат за виза пред да патуваат во Канада. Египетските патни исправи издадени за палестинските бегалци се сметаат за неприфатливи патни исправи за патување и влез во Нов Зеланд, освен ако не вклучуваат влезна виза што му дозволува на сопственикот да влезе во Египет .

Галерија

Наводи

Надворешни врски Патни документи од имиграција, бегалци и државјанство Канада Конвенциски патен документ од 1951 година Слики од Passportland.com

Категорија:Документи на Обединетите нации Категорија:Бегалски патни документи