Успение на Пресвета Богородица () — црква во селото Лахна, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.
Историја Црквата се наоѓа во центарот на селото. Изградена е во 1952 г. и осветена од митрополитот Константин Серско-нигритски. Во 1982 г. е додадена припрата и храмот е живописан со фрески. Во 2010 г. е создаден женски хор за византиска музика.
Поврзано Серско-нигритска епархија
Наводи
Богородица, Лахна Богородица, Лахна Категорија:Појавено во 1952 година