Псеримос () ― мал грчки остров во додеканскиот синџир, кој се наоѓа помеѓу Калимнос и Кос пред брегот на Турција. Тој е дел од општината Калимнос и на пописот во 2011 година имал население од 80 жители.

Главната индустрија е туризмот, со грчки и други европски туристи привлечени од неговата оддалечена местоположба. Постојат неколку плажи и голем број таверни, од кои некои нудат сместување.

Псеримос е опслужуван со дневен траект од Потија, на островот Калимнос, и е одредиште на маршрутата на голем број бродови за крстарење во областа.

Наводи

Надворешни врски

Службена мрежна страница на Општина Калимнос (на грчки и англиски)

Категорија:Додеканези Категорија:Острови во Грција Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Острови во Јужен Егеј Категорија:Земјишни облици во Калимнос (округ) Категорија:Калимнос