Свети Ѓорѓи Победоносец () — црква во селото Долно Хомондос, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.

Црквата е изградена во 1853 г. што може да се прочита од мемерната релјефна плоча со натпис. Градбата претставува трикорабна бескуполна базилика со нартекс на запад. Живописувањето на храмот почнало во 1988 г.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Ѓорѓи, Долно Хомондос Ѓорѓи, Долно Хомондос Категорија:Појавено во 1853 година