Свети Атанасиј () — црква во селото Омур Беј, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.

Црквата е гробишен храм, сместен на северниот крај на селото. Изградена е во 1955 г. и осветена од митрополитот Константин Серско-нигритски во 1965 година. Градбата претставува крстовиден храм без купола и подоцна додадена припрата.

Во парохијата влегуваат и црквите „Рождество на пресв. Богородица“ од XVIII век и „Св. Атанасиј“, сместени на местото на старото село Омур Беј на Богданска Планина.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Антониј, Омур Беј Антониј, Омур Беј Категорија:Појавено во 1955 година