Свети Три Јерарси () — црква во селото Черпишта, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.
Камен-темелникот на црквата е поставен во 1974 г. од митрополитот Константин Серско-нигритски. Изградена е и украсена со средства на ктиторот Димитриос Анастасијадис, архонт на Вселенската патријаршија. Свечено е осветена на 6 мај 2001 г. од патријархот Вартоломеј I. Градбата претставува петкорабна базилика. Во април 2010 г. митрополитот Теолог Серско-нигритски ја прогласил за парохиски храм.
Поврзано Серско-нигритска епархија
Наводи
Три Јерарси, Черпишта Три Јерарси, Черпишта Категорија:Појавено во 1740 година