Свети Атанасиј () — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.
Историја Црквата е изградена во 1992 г. на улицата „Сарандапорос“ бр. 44 во маалото Свети Атанасиј. Подигната е на местото на помал параклис од 1940 г. Градбата претставува трикорабна базилика со купола, која на исток завршува со стројна апсида. Храмот е живописан, а иконостасот е резбан. Осветен е на 3 октомври 1999 г. од митрополитот Максим Серско-нигритски. Сè до 18 октомври 2004 г. бил дел од парохијата „Св. 40 Маченици“.
Поврзано Серско-нигритска епархија
Наводи
Атанасиј Атанасиј, Сер Категорија:Појавено во 1992 година