Игуменија Гаврила, родена како Равијојла Игњатовиќ, ― српско свештено лице и игуменија на Манастир Раваница во периодот од 1958 до 2005 година.
Животопис Игуменијата Гаврила водела потекло од благочестиво христијанско семејство, родена во 15 октомври 1920 година во с. Чукојевац близу Краљево, од родители Полексија и Станимир Игњатовиќ.
Од рани години, таа го прифатила Божјото Слово. Како предана и милослива христијанка, била една од првите членки на Црковниот хор во црквата Св. вмч. Димитриј во Чукојевац. Нејзината животна желба, целосно да му се предаде и посвети на Бога, и била исполнета на 16 мај 1956 година, кога примила монашки потстриг од епископот господин Хризостом.
Таа станала игуменија на Манастир Раваница, на 6 август 1958 година. По кратко боледување 10 јануари 2005 се упокои мајка Гаврила, игуменија во женскиот Манастир Раваница во Србија.
Наводи
Категорија:Луѓе од Чукојевац Категорија:Починати во 2005 година Категорија:Родени во 1920 година Категорија:Југословенски Срби Категорија:Српски монаси Категорија:Југословенски монаси