Христос Седржител () — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е подигната во XIV век и првично била еднокорабен храм со дрвен покрив, а подоцна по радијална интервенција е претворена во двокорабна базилика. Во XVI век е додаден северниот кораб на наосот, а околу 1687 г. е дограден тремот на јужната страна. Во храмот е зачуван живопис од XVI век, од 1687 г. во јужниот трем и од 1726 г. Се истакнуваат „Успение на Пресвета Богородица“, „Рождество на Пресвета Богородица“, „Сретение Господово“ и „Крштение Господово“.
Во 1924 г. црквата е прогласена за споменик на културата.
Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија
Наводи
Надворешни врски
Христос Седржител Христос Седржител, Бер Категорија:Споменици на културата во Бер