Свети Григориј Палама () — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.
Историја Стар храм Црквата е сместена во градскиот центар, на крстосницата меѓу „Митрополис“ и „Света Софија“. На ова место во османлиско време постоела црква посветена на Свети Димитриј (покровителот на Солун), која била градска катедрала. Таа е изградена од крајот на XIII до почетокот на XIV век од царот Андроник II Палеолог (1282 - 1328) и била трикорабна базилика, првично посветена на Богородица. По османлиското освојување на градот (1430) и претворањето на катедралата „Св. Димитрија“ во џамија во 1491 г., црквата на Богородица е преименувана по покровителот на Солун, Свети Димитриј. Кога и следниот катедрален храм, ротондата „Св. Архангели“ е претворена во џамија во 1590 г., крајбрежната црква станала катедрала на градот. Во 1699 г. е ремонтирана при митрополит Игнатиј Лезбоски. За време на Грчката војна за независност во 1821 г. во храмот побарале спас стотици солуњани, но Османлиите ја срушиле вратата и ги заклале. Во црквата се чуваат чудотворната икона на Свети Димитриј, патријаршискиот престол и многу документи на грчката црковна општина.
На 22 август 1890 г. оваа црква е наполно уништена во голем пожар. Уште во октомври 1890 г. митрополитот Софрониј Солунски (1889 - 1893) поднел молба за дозвола да изгради нова црква, која ја добил во јуни 1891 г. Во дозволата се вели дека новиот храм на Свети Димитриј ќе има и два параклиса — северниот посветен на Григориј Палама, а јужниот на Свети Никола. По молба на грчкиот премиер Харилаос Трикупис, банкарот Андрос Сингрос додал 8.600 лири кон постоечките 6.500 собрани од грчката црковна општина и изградбата на новиот храм започнала.
Нов храм мини|лево|250п|Митрополитската црква на отоманска разгледница За архитект на градбата е избран Ернст Цилер, кој истата 1890 г. ги изготвувал плановите за митрополитскиот храм „Пресв. Богородица Пројавена“ во Егио, и затоа двете цркви личат една на друга. Надзорот врз проектот му е доверен на неговиот ученик, Ахилејас Камбанакис. Камен-темелникот на црквата е поставен на 16 јуни 1891 г. од митрополитот Софрониј. Градежните работи биле отежнати поради нестабилноста на почвата поради близината на морето. Работата запрела во 1892 г. кога општината ги обвинила изведувачите дека користеле неквалитетен материјал и дека отстапуваат од планот Цилер. Камбанакис е разрешен и на негово место е назначен Константинос Кокинакис, но Камбанакис одбил да го достави проектот, а Цилер изјавил дека нема друг примерок од нив. Така изградбата запрела, а општината ги истрошила парите.
Избувнувањето на Грчко-турската војна во 1897 г. дополнително ја попречило понатамошната работа. Дури во 1900 г. митрополитот Атанасиј Солунски (1893 - 1903) започнал одново да прибира средства за изградбата. Работата продолжила на 8 јули 1902 г., и доверувајќи го нејзиното довршување на Ксенофон Пеонидис, официјален архитект на грчката црковна општина, наследувајќи полузавршена градба. Пеонидис внимателно ги следел плановите на Цилер, но правел и промени онаму кајшто е можно. Грубата изградба завршила на 17 јуни 1906 г., а храмот е целосно довршен кон крајот на 1909 г. Трошокот на изградба изнесувал 302.229,30 златни гроша.
Изградбата на храмот се одвивала напоредно на изградбата на Грчкиот генерален конзулат (1890 – 1893), денес Музеј на македонската борба, исто така дело на Цилер. Двете градби се поврзани со тајна врата и биле управно седиште на Грчката вооружена пропаганда во Македонија од 1904 до 1908 г.
Црквата е отворена а 21 април 1914 г. од митрополитот Генадиј Солунски (1912 – 1951). Бидејќи старата катедрала „Св. Димитрија“ веќе поворно станал христијанска црква, новиот митрополитски храм бил посветен на Свети Григориј Палама место на Свети Димитриј.
Во 1978 г. Солунскиот земјотрес предизвикал големи штети на храмот. Веројатна причина за тоа се лошите материјали користени во првичната изградба и отстапувањата од плановите на Цилер. Некои побарале да се сруши, но надвладеал ставот дека црквата треба да се обнови. По овој зафат, храмот е повторно отворен на 13 ноември 1980 г.
Архитектура мини|десно|250п|Внатрешноста на храмот Архитектурата на храмот е е нетипична за своето време. Во XIX век во Солун и Македонија преовладувале трикорабните базилики, додека оваа црква му припаѓа на неовизантискиот осумаголен тип со купола кој се наметнал долу во Грција. Има неокласични, неоромантични и неоренесансни особености, следејќи ја тенденцијата кон еклектицизмот присутна во Солун на крајот од XIX век. Наосот има облик на впишан рамностран крст покриен е со голема купола, а од четирите страни на градбата има четири високи камбанарии.
Внатрешноста е живописана од цариградския зограф Николаос Кесанлис, кој пристигнал во Солун во април 1911 г. Во црквата се чуваат моштите на Григориј Палама.
Поврзано Солунска епархија
Наводи
Надворешни врски
Мрежно место на црквата
Григориј Палама Григориј Палама, Солун Категорија:Православни катедрали во Егејска Македонија Категорија:Појавено во 1891 година