мини|десно|250п|Живопис во ниша Влатадон () или Чауш-манастирPapagiannopoulos, Apostolos. Monuments of Thessaloniki, Rekos ltd., 2015, p.92 — средновековна црква во градот Солун, Егејска Македонија. Денес е единствената преостаната градба на истоимениот манастир кој постоел во византиско и османлиско време. Денес манастирот е ставропигијален. Во 1988 г. е прогласена за светско наследство на УНЕСКО како дел од Ранохристијанските и византиски споменици во Солун.

Историја Црквата се наоѓа о Горниот Град, на стрмен терен на улицата „Ептапиргио“. Манастирот е основан малку по средината на XIV век. Ктитори биле браќата монаси Доротеј и Марко Влатис (Δωρόθεος, Μάρκος Βλατής), ученици и следбеници на Григориј Палама. Посветен е на Христос Седржител и денес храмот го слави Преображението Христово на 6 август како свој празник. По османлиското освојување на Солун во 1430 г. манастирот е претворен во џамија. Ова траело кратко, и повторно станал црква, за во 1446 г. манастирот да добие султански ферман со посебни привилегии. Со време манастирот се стекнал со разни имоти го градот и вон него, како што се црквите „Пресв. Богородица Лагудјани“, „Св. Никола Сирак“ и „Св. Атанасиј“.

Архитектура Црквата е крстокуполен храм со осумаголна тулена купола во средиштето и затворен трем на западната, северната и јужната страна, завршувајќи со два параклиса на исток. Северниот параклис, северниот, западниот и нешто од јужниот дел на тремот се подоцнежни додавки, веројатно од 1801 г. Во 1907 г. е додаден отворен трем на југ имал портик на западната страна.

Внатре има зачувани вредни фрески од 1360 – 1380 г., чиј стил се одликува со тржество, воздржани емоции и елегантни движења. Има бројни икони од XII до XIX век, мошти и голема збирка ракописи и документи, вклучувајќи царски хрисовули, патријаршиски сигилии и османлиски фермани.

Поврзано Солунска епархија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Цркви во Солун Категорија:Светско наследство во Грција Категорија:Градби претворени во џамии Категорија:Градби претворени во цркви