Свети Константин и Елена () — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.
Храмот се наоѓа во населбата Хиподром на истоимениот плоштад. Отворена е на 23 септември 1984 г. од митрополитот Пантелејмон II Солунски. Градбата претставува крстокуполен храм.
На местото на црквата имало два претходни храма. Од ракопис во светогорскиот манастир Дионисијат е јасно дека во XVI век тука имало црква; Свети Кирил е маченички убиен пред храмот на Свети Константин во 1566 г. Веројатно е дека црквата работела од крајот на XV век. Храмот е споменат од отецот Жан-Батист Сусје кој живеел во Солун во 1726 – 1733 г. Црквата тогаш се нарекувала само „Св. Константин“ и била парохиски храм. Важен извор е Заедничката кондика на грчката солунска општина во архивите на Солунската митрополија, каде се заведени храмовите и нивниот имот. Таму пишува дека црквата е обновена во 1818 и во 1908 г., и дека храмот отсекогаш бил парохиски. Црквата, обновена во 1818 г. со општински средства, е вториот по ред храм и била типична базилика со карактеристичка камбанарија. Храмот има два параклиса.
Црквата е срушена во 1972 г., а во август 1974 г. во околината се направени ископувања кои дале многу важни откритија. Во подземјето на храмот се откриени ранохристијански гробови, како и една глинена урна со остатоци од пепел и коски. Се смета дека тоа се моштите на новомаченикот Кирил Солунски, изгорен на клада до црквата на 6 јули 1566 г. Потоа започнала изградбата на денешниот храм, која траела 10 години.
Внатре се чуваат вредни икони, вклучувајќи ја чудотворната икона на Свети Стилијан. Грците кои се населиле во Солун од Мала Азија ја донеле иконата Богородица Надеж за сите.
Поврзано Солунска епархија
Наводи
Надворешни врски
Константин и Елена Константин и Елена, Солун Категорија:Појавено во 1984 година