мини|исправено=1.8|Подрачја во светот со екваторска клима (Af). Екваторска клима или влажна тропска клима — вид на тропска клима присутна во појаси од 10. до 15. напоредник од екваторот. Се одликува со висока средна годишна температура, мали температурни разлики и дождови во текот на целата година. Подрачјата со оваа клима обично ја носат ознаката Af според Кепеновата класификација на климата. Екваторската клима типично е врела, многу влажна и дождлива.
Опис исправено=1.2|мини|Типична тропска шума во Борнео. Тропските дождовни шуми имаат вид на тропска клима каде не постои сува сезона — сите месеци имаат просечни врнежи од барем 60 мм. Деновите се климатски слични еден на друг, а температурната промена помеѓу денот и ноќта може да е поголема од просечната температурна промена во текот на годината.
Екваторски клими и тропски пасатни клими Кога во екваторските клими повеќе преовладува меѓутропската конвергентна зона (ITCZ) отколку пасатите (без циклони или ретко), тие се нарекуваат екваторски клими во потесна смисла. Кога случајот е обратен, тогаш го носат името тропски пасатни клими. Во чистите екваторски клими, атмосферскиот притосок е низок и речиси постојан. Оттука, ветриштата се ретки и обично слаби (со исклучок на слаби развигори по крајбрежјето), додека кај тропските пасатни клими, кои се поддалечени од екваторот, ветрот е речиси постојан и имаат посиромашни дождовни шуми.Climatologie Pierre Estienne Alain Godard, pages 309 and 316
Градови со екваторска клима <div float="left">
Азија Батанг, Индонезија Палембанг, Индонезија Medan, Индонезија Баликпапан, Индонезија Паданг, Индонезија Понтијанак, Индонезија Ишигаки, Јапонија Џохор Бахру, Малезија Канди, Шри Ланка Куала Лумпур, Малезија Кучинг, Малезија Џорџ Таун, Малезија Ипох, Малезија Давао, Филипини Поломолок, Филипини Таклобан, Филипини Сингапур Курунегала, Шри Ланка Шри Џајаварденапура Коте, Шри Ланка Хуаљен, Тајван Орхидејски Остров, Тајван Након Си Тамарат, Тајланд
Океанија Паго Паго, Американска Самоа Инисфејл, Квинсленд, Австралија Паликир, СД Микронезија Сува, Фиџи Хагатња, Гуам Тарава, Кирибати Маџуро, Маршалски Острови Табубил, Папуа Нова Гвинеја Лае, Папуа Нова Гвинеја Апија, Самоа Хонијара, Соломонски Острови Нукуалофа, Тонга Фунафути, Тувалу Хило, Хаваи, САД Порт Вила, Вануату
Африка Морони, Комори Кисуму, Кенија Харпер, Либерија Анталаха, Мадагаскар Манакара, Мадагаскар Кампала, Уганда Тоамасина, Мадагаскар
Америка Лелидорп, Суринам Пунта Горда, Белиз Лимон, Костарика Игвеј, Доминиканска Република Пуерто Бариос, Гватемала Ла сејба, Хондурас Порт Антонио, Јамајка Хавана, Куба Блуфилдс, Никарагва Чангинола, Панама Вест Палм Бич, Флорида, САД Форт Лодердејл, Флорида, САД Белем, Бразил Макае, Бразил Скарборо, Тринидад и Тобаго Салвадор, Бразил Флоренсија, Колумбија Пујо, Еквадор Сен Лоран ди Марони, Француска Гвајана Џорџтаун, Гијана Икитос, Перу Парамарибо, Суринам Буенавентура, Колумбија Летисија, Колумбија
Поврзано Тропи Монсунска клима Тропска саванска клима Кепенова класификација на климата
Наводи
Категорија:Дождовни шуми Категорија:Тропи