Свети Христофор () — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.
Храмот се наоѓа во населбата Горна Тумба, на границата со Капуџилар, на улица „Атанасиос Стагеритис“ бр. 123. Градбата претставува ротонда, дело на архитектот Димитриос Христидис. Парохијата е основана во август 1982 г. по инсистирање на мештаните. Сојузот на резервните офицери порадил парцела за изградба на храмаот. Од 1982 до 1987 г. на ова место имало монтажен параклис, а на 9 мај 1987 г. митрополитот Пантелејмон II Солунски го поставил камен-темелникот на новата црква. Отворена е на 27 ноември 1994 г од истиот митрополит. Стариот храм станал нејзин параклис, сега под името „Св. Јован Богослов“.
Црквата има два параклиса. „Св. Гликерија“ е во населбата Константинополитика. Основана е на 13 мај 2013 г. од митрополитот Антим Солунски и има облик на крстовиден храм со купола, дело на архитект Продромос Василијадис. Пред да запонче изградбата на таа црква, од 2006 г. работел мал параклис. „Св. Катерина“ е во градината, над кривината на обиколницата. Нејзината изградба започнала во 1990-тите и станала параклис на „Св. Христофор“ во ноември 2011 г.
Поврзано Солунска епархија
Наводи
Христофор Христофор, Солун Категорија:Појавено во 1994 година