Андромеда I ― џуџеста сфероидна галаксија оддалечена околу 2,40 милиони светлосни години во соѕвездието Андромеда. Андромеда I е дел од Месната Група и придружна галаксија на галаксијата Андромеда (М31). Таа е приближно 3,5 степени јужно и малку источно од М31. Почнувајќи од 2005 година, таа е најблисктаа позната џуџеста сфероидна галаксија која е придружник на M31 на проценетата оддалеченост од ~40 kpc или ~150.000 светлосни години.

Андромеда I била откриена од Сидни ван ден Берг во 1970 година со телескоп од 122 цм на Паломарското набљудувалиште. Понатамошно проучување на Андромеда I било направено од камерата WFPC2 на вселенскиот телескоп Хабл. Ова открило дека хоризонталните гранки ѕвезди, како и другите џуџести сфероидни галаксии биле претежно црвени. Од ова, и изобилството на сини хоризонтални гранки ѕвезди, заедно со 99 ѕвезди RR Лире откриени во 2005 година, довело до заклучок дека постои продолжена епоха на создавање на ѕвезди. Проценетата возраст е приближно 10 Gyr. Телескопот Хабл, исто така, пронашол збиено јато во Андромеда I, што е најмалку светлечката галаксија каде што е пронајдено такво јато.

Поврзано

Список на придружни галаксии на Андромеда

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Астрономски тела откриени во 1970 година Категорија:PGC-објекти Категорија:Андромеда (соѕвездие) Категорија:Андромедска Подгрупа Категорија:Месна Група Категорија:Необични галаксии Категорија:Џуџести сфероидни галаксии Категорија:Џуџести галаксии