Димитар Матлиев (, - , Брезово, ) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис

Матлиев е роден в Охрид, тогаш во Османлиското Царство. Најпрво се школувал во родниот град, а потоа во Софија, каде завршил петкласен гимназијален клас. По школувањето бил назначен за учител во село Зашле, Битолско. Во април 1902 година го напуштил учителствувањето и се вклучил во четата на Јордан Пиперката.Божинов, Воин. Българската просвета в Македония и Одринска Тракия 1878-1913, София 1982, с. 206-207. Заедно со војводата Јордан Пиперката бил претставник на Демихисарската револуционерна околија на Смилевскиот конгрес кога Даме Груев конечно пресекол за кревање на востание. По Илинденското востание, Матлиев предводел чета во Битолско. На 4 октомври 1903 година војводата Матлиев заедно со својата чета бил опколен од страна на турскиот аскер во селото Брезово. По 11 часовна борба на 5 октомври Матлиев со дел од своите четници се самоубил.Николов, Борис. Й. Вътрешна Македоно-Одринска Революционна Организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 100.

Наводи

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски војводи Категорија:Луѓе од Охрид Категорија:Македонски револуционери Категорија:Учесници во Илинденското востание