Свети Јован Претеча () — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија. Се наоѓа во градскиот центар, околу античката крстилница поврзана со систем од катакомби со соедниот храм „Св. Софија“. мини|лево|Крстилницата

Се наоѓа е во мала градина меѓу улиците „Иктин“ на северозапад, „Макензи Кинг“, која ја двои од „Св. Софија“ на север и „Павлос Мелас“ на исток. Старите остатоци се под уличното ниво, на нивото на „Св. Софија“ и „Пресв. Богородица Казанџиска“. Зачуваниот базен првично бил дел од антички нимфеум (храм на нимфите). Христијанската крстилница веројатно е постара од „Св. Софија“. На еден од столбовите е всечен крст. Катакомбниот систем и откриен во 1892 г. и се состои од ходници и две подземни простории, од кои едната со мал извор. Во средината на дворот се остатоците од византиската црква, која многу личи на ротондата „Св. Ѓорѓи“, но помала. Тааа црква пак, е изградена врз рушевините на антички храм. Во 1932 г. се извршени ископувања, кога било решено таму да се подигне зграда. Откривањето на антички остатоци ги запреле градежните работи. Денешната црква е добар пример за ускладување на денешната архитектура со античките остатоци — изградена е од стакло и зелен камен во 1990 г. врз помала црквичка од 1940 г.

Поврзано Солунска епархија

Наводи

Надворешни врски

Јован Претеча, Крстилница Јован Претеча Крстилница, Солун Категорија:Појавено во 1940 година Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија