ХухериштаПо топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“ или Хумхеришта или Тиолишка Река () — река во Костурско, Егејска Македонија. Завршува како северен дотек на Костурското Езеро.

Течение Реката извира од планината Вич северно под врвовите Србинов Камен (1.375 м) и Чука (1.577 м), па тече на југозапад. Минува низ селото Черешница, па источно под врвот Варош (1.420 м) нагло свртува на запад под името Страна. Северозападно од Тиолишта свртува на југозапад и минува западно крај селото. Потоа свртува на југ и се влева во Костурското Езеро.

Слив Сливот зафаќа површина од 23,25 км2. Протокот на реката изнесува 60 – 1.000 л/с, во зависност од количеството на врнежи. Реката може да предизвика поплави бидејќи користото ѝ е тесно.

Поврзано Пополе

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Костур (општина) Категорија:Бистрички слив (егејски) Категорија:Вич