Берзенбрик (; ) — мал град во округот Оснабрик, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Хазе, околу 30 километри северно од безокружниот град Оснабрик.
Градот претставува административно седиште на истоимената општинската заедница.
Географија Местоположба
Берзенбрик се наоѓа помеѓу ридските масиви Анкумер Хее и Дамер Берге на реката Хазе.
Градски единици
Градот е составен од следниве единици:
Ахаузен-Зитер Бокел Хаструп Хертман-Лобек Пригенхаген Талге Волтруп-Веберген
Клима
Градот е под влијание на мешана морска клима со влажни северозападни ветришта од Северното Море. Годишна просечна температура на воздухот изнесува од 8,5 до 9,0 °C и паѓаат околу 616 милиметри врнежи. Најтопли месеци се јули и август со просечни температури од 17,2, односно од 16,9 °C, додека најладни месеци се јануари и февруари со 1,6, односно 2,2 °C во просек. Најмногу врнежи паѓаат во месеците јуни и јули со просечно 69 односно 75 милиметри, додека најсуви месеци се февруари и март со просечни 36, односно 42 милиметри.
Политика Градски совет
Градскиот совет се состои од 23 избрани членови од три различни партии. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
Следната табела ги прикажува општинските резултати од 1996 година.
Изборни резултати за Градскиот совет на БерзенбрикCDUSPD UWGGRÜNE Вкупно Излезност Период % безрамка|20п|Мандат % безрамка|20п|Мандат % безрамка|20п|Мандат % безрамка|20п|Мандат % безрамка|20п|Вкупен број на места во советот %1996–2001 66,1 1427,6 6 —6,3 11002169,92001–2006 69,7 1526,0 6 —4,2 —1002164,22006–2011 64,2 1429,1 6 —6,7 11002148,82011–2016 56,7 12 23,2 5 — 20,1 41002150,32016–2021 56,3 13 20,6 5 12,2 3 10,9 21002350,82021–202652,561231,2716,2410023<small>заокружени проценти.Извори: Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна СаксонијаLandesbetrieb für Statistik und Kommunikationstechnologie Niedersachsen, Tabelle 5000311, Округ Оснабрик.
Градоначалник
Од 2013 година, градоначалник на Берзенбрик е Кристијан Клич (CDU).
Досегашни градоначалници 2013–денес: Кристијан Клич (CDU) 2005–2013: Харалд Кројтер (CDU) 2001–2004: Ренате Хилсман (CDU) 1981–2001: Валтер Зандбринк (CDU)
Збратимени градови
Берзенбрик е збратимен со следниве градови:
Тентењак, Франција (од 2000 г.) Грифино, Полска (од 2000 г.)
Познати луѓе Ханс-Герт Петеринг (р. 1945) — политичар
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Оснабрик (округ)