Мултикултурализам без култура (англиски: Multiculturalism without Culture) ― книга напишана од Ен Филипс. Темата за мултикултурализмот е истражувана од Филипс во врска со теми како што се феминизам, антропологија, политичка теорија, право и филозофија. Нејзиното вдахновение да ја напише книгата произлегла од спротивставените грижи за мултикултурализмот што ги предизвикувале правата на жените и феминизмот кој посегнува врз благосостојбата на културите. Додека Филипс претстатува многу различни гледишта за мултикултурализмот, нејзиниот општ аргумент во книгата може да се сумира како: „Време е да се елаборира верзија на мултикултурализмот која се откажува од реифицираните поими за културата, побезмилосно се занимава со културните стереотипи и одбива да се подредува правата и интересите на жените за наводните традиции на нивната култура“.P.72, Multiculturalism without Culture
Резиме Во книгата Филипс ја елаборирала идејата за мултикултурализам без култура. Во овој модел, концепцијата на културата како непроменлива и доминантна (Ставот за кој Филипс тврди дека го имаат многу влади и луѓе) се поставува во корист на идејата дека културата е течна и дека поединецот е во културата, а не културата во поединецот, има права и е најважниот елемент. Средишниот дел од нејзината теорија почива на идејата дека луѓето во малцинските култури имаат автономија . Нејзината дискусија тежи во многу различни перспективи за мултикултурализмот обезбедени од низа современи писатели на оваа тема. Таа постојано ја одржува феминистичката теорија како примарна основа од која ги структурира своите аргументи. Книгата завршува со нејзино гарантирање за зголемување на консултативните услуги за малцинските групи и зголемување на дијалогот меѓу нив и владите.
Прием Критичкиот прием бил главно позитивен. Полски социолошки преглед дал поволен преглед на Мултикултурализмот без култура, забележувајќи дека таа е „стимулативна, добро истражена и добро напишана книга“. Професорот Ана Јитман од Универзитетот во Западен Сиднеј објавил на форумот Х-Нет дека книгата „оди само толку далеку теоретски“, но дека е „одличен и обмислен аргумент за мултикултурализмот во време кога е нападната од сите страни“.
Поврзано
Вил Кимлика Бику Парек Контроверзии со хиџабот и бурката во Европа
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Мултукултурализам Категорија:Книжевно журналистички книги од 2007 година Категорија:Книги на Princeton University Press