Еден логички аргумент е правилен ако и само ако
аргументот е валиден сите искази му се вистинити.
Доказната процедура (на пр. природна дедукција) на еден логички систем е правилна ако докажува само валидни формули (исто и тавтологии). Во нотација, еден логички систем е правилен ако имплицира .
Правилни аргументи Еве еден правилен аргумент (во овој случај силогизам):
Сите луѓе се смртни. Сократ е човек. Затоа, Сократ е смртен.
Аргументот е валиден (бидејќи заклучокот е вистинит врз основа на изказите, т.е. заклучокот следи од исказите) и бидејќи самите искази се вистинити, аргументот е правилен.
Еве еден валиден, но неправилен аргумент:
Сите животни можат да летаат. Свињите се животни. Затоа, свињите можат да летаат.
Бидејќи првиот исказ е невистинит, аргументот, иако валиден, не е правилен.
Наводи Irving Copi. Symbolic Logic, Vol. 5, Macmillian Publishing Co., 1979. Boolos, Burgess, Jeffrey. Computability and Logic, Vol. 4, Cambridge, 2002.
Категорија:Логика Категорија:Аргументи Категорија:Концепти во логиката Категорија:Дедуктивно расудување