Костенец () — град во Западна Бугарија, административен центар на општината Костенец во Софиската Област. Има население околу 5.985 жители (2022).
Географија Костенец се наоѓа на околу 61 км југоисточно од Софија на железничкиот правец Софија—Пловдив—Свиленград. Во близина на Костенец се наоѓаат одморалиштето Боровец (28 км), градовите Долна Бања (8 км) и Ихтиман (17 км).
Се наоѓа во подножјето на планината Рила, во источниот дел на Костенецко-Долнобанската котлина. Климата е умерено-континентална
Историја Населувањето на денешниот град Костенец започнало во 1884 година со изградбата на пругата Белово—Вакарел, која била прокарана на 6 км североисточно од селото Костенец. Со изградба на железничката станица била изградена фабрика за кибрит и хартија со која се забрзувало проширувањето на новата населба. Во 1964 година населбата на железничката станица била прогласена за град.
Надворешни врски Официјална веб-страница на општина Костенец
Категорија:Населени места во областа Софија Категорија:Градови во Бугарија